Почетна » Новости » Актуелно » Контроверзно: Adidas доби лавина од критики зашто избра маж да рекламира женски костими за капење

Контроверзно: Adidas доби лавина од критики зашто избра маж да рекламира женски костими за капење

Adidas е сред нов скандал поради контроверзна кампања.

Популарниот спортски бренд ангажираше машки модел со влакнести гради за да рекламира женски костими за капење од колекцијата „Pride 2023“.

adidas

Овој потег предизвика лавина критики за Adidas. Под хаштагот #boycottadidas, илјадници лица на Instagram се вклучуваат во бојкотирањето на Adidas.

„Додека растев, облекувањето на патики Adidas беше момент на гордост. Сега со гордост ги фрлам в ѓубре. Одвратно. Тажно“, „Тоа е тоа, го тргам Adidas од шопинг листата“, „Мажите и жените мора да го сметаат ова за навредливо. Децата се веќе доволно збунети и без да го гледаат ова“ – се дел од коментарите на интернет.

Колекцијата е дизајнирана од дизајнерот Рич Мниси од Јужноафриканската Република. Тој вели дека „колекцијата ги слави самоизразувањето, имагинацијата и непоколебливото верување дека љубовта обединува“.

adidas adidas

Twitter корисници го обвинуваат Adidas дека се обидува да ги „избрише“ жените. „Не знам зошто компаниите си го прават ова доброволно. Можеа барем да напишат дека костимот е унисекс, но не го направија тоа бидејќи се работи за бришење на жените. Сте се запрашале ли некогаш зошто ова не се случува за другата страна“ – вели професионалната пливачка Рајли Гејнс, алудирајќи на мажите.

adidas

„Тоа што ми го кажува оваа фотографија е дека жените не се важни, дека тие не се доволно добри за да ги презентираат костимите за капење направени за нив“ – дополнува Гејнс.

adidas

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11310 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.