Почетна » Новости » Актуелно » Истакни ја својата оригиналност со новиот Galaxy Z Flip5

Истакни ја својата оригиналност со новиот Galaxy Z Flip5

Ако имаш единствен стил и отсекогаш си се разликувал/а од другите, те привлекуваат несекојдневни работи, а размислување надвор од рамката е твој начин на живот, тогаш новиот Samsung телефон на преклоп Galaxy Z Flip5 е создаден токму за тебе. Иновативноста на овој телефон во поглед на дизајниот и перформансите се во комплетна синергија со несекојдневните бои во кои можеш да го имаш овој телефон, прикажувајќи го како неделлив детал од твојата личност, додавајќи ти уште поголема доза на coolness каде и да се појавиш.

Samsung

Совршенството е секогаш во деталите

Стилот многу повеќе се гради со деталите, отколку со тренди облека. Секој пат кога во друштво ќе го извадиш твојот Galaxy Z Flip5, неговиот неговиот префинет и истовремено шизички изглед, како за почеток, ќе биде забележен од сите. А потоа, дополнително, неговите перформанси и се она што ќе можеш да правиш со него, особено додека е затворен, ќе ги остават сите без зборови. Неговата извонредна изведба во минималистички стил е надополнета со совршено решение за наворешниот екран – новиот Flex Window екран што ќе го користиш кога телефонот ти е затворен – е всушност најголемиот надворешен екран од било кој Galaxy Z Flip телефон досега. Со оваа карактеристика ќе можеш скоро сé што правиш на твојот телефон, да го правиш од надворешниот екран без да имаш потреба да го отворате. Кога е затворен Galaxy Z Flip5 нуди повеќе можности од кога било досега.

Преку Flex Window брзо и лесно ќе пристапуваш до важните информации: ќе примаш и ќе одговараш на повици, ќе проверуваш и ќе одговараш на пораки користејќи QuickReply со целосна QWERTY тастатура, ќе си ги пушташ омилените траки музика со помош на Media Controller функцијата, ќе можеш да ги прегледуваш сите графички контроли, додека истовремено се префрлаш од една во друга со активирање на функцијата Multi Widget View. Oвој Flex Window надворешен екран е всушност она што ќе биде највпечатливо на твојот телефон, бидејќи ќе можеш во целост да го прилагодиш кон твојата личност и стил со помош на големот избор помошни програми, тапети за видеозаписи, лицата на часовникот, стилови, графика, фонтови и уште многу друго што ќе ја израшиш твојата креативност и посебност.

Samsung

Но, не е надворешниот екран дизајниран со карактеристики само за овие функции. Неговите неверојатни новитети со камерите ќе ти овозможат да правиш феноменални, висококвалитетни селфи фотографии со помош на задната камера, или пак да снимаш импресивни фотографии без раце и од креативни агли со FlexCam, а со режимот Flex ќе можеш брзо и лесно да ги гледаш и уредуваш снимените или сликаните содржини. Кога ќе ги сликашдругарите, со помош на Dual Preview тие ќе можат да се гледаат на екранот Flex Window, каде што можат да направат прилагодувања во реално време за совршени снимки. А оние најоткачени фотки во движење ќе ти станат најомилени благодарение на Super Steady стабилизацијата на камерата, додека со Auto Framing, никој нема да биде исклучен од фотографијата.

Со Galaxy Z Flip 5 ќе бидеш единствен/а што снима клипчиња со телефонот поставен полуотворен во форма на шатор, со кои ќе доловуваш најнеобични агли и перспективи. Само ќе го поставиш телефонот наопаку, и забавата нека почне!

Samsung

Со подобрени решенија за вештачка интелигенција, со леснотија ќе додаваш живот во секоја фотографија, а твојата креативност ќе биде можеби најмногу поттикната кога во ноќта ќе се фотографирате или снимате со друштвото бидејќи функцијата Nightography ќе ги оптимизира фотографиите и видеата во услови на амбиентално осветлување. Алгоритмот за обработка на слика (ISP) со вештачка интелигенција го коригира секој визуелен шум што може да настане на фотографиите направени во услови на слаба осветленост, истовремено подобрувајќи ги деталите и тонот на бојата, при што фотографиите уште од далеку изгледаат многу појасни со дигиталниот зум од 10x.

Кога се стилови во прашање, GalaxyZFlip5 е еден од ненадминливите телефони, кој е секогаш ин. Биди ти, заедно со него!

Galaxy Z Flip5 е достапен кај нас од 11 август 2023, заедно со неговиот неговиот партнер од серијата Z - Galaxy Z Fold5, кој пак може повеќе да одговара на оние кои во своето секојдневие имаат повеќе професионални обврски, бидејќи кога е расклопен тој може да замени таблет, па дури и лаптоп.

Заедно со лансирањето на овие нови Foldables телефони, Samsung ги претстави и најновите модели на паметни рачни часовници Galaxy Watch6 и GalaxyWatch6 Classic со подобрени перформаси за следење на твоите спортски активности, одржување здрав начин на живот и здрав сон, како и новата Galaxyсерија таблети – GalaxyTabS9, GalaxyTabS9+ и GalaxyTabS9 Ultra како одлични уреди кои можат ти бидат замена за компјутерот или лаптопот, особено ако секој ден си постојано во движење. Не зборавајте да ги погледнеш и овие уреди и сите придобивки кои тие можат да ти ги понудат!

Samsung Samsung

Повеќе информации за новите производи од серијата Galaxy прочитајте на:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold5/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-40mm-gold-bt-sm-r930nzeaeuc/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-classic-43mm-silver-bt-sm-r950nzsaeuc/

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-wi-fi-graphite-128gb-sm-x710nzaaeuc/

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-plus-wi-fi-graphite-256gb-sm-x810nzaaeuc/

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-ultra-wi-fi-graphite-256gb-sm-x910nzaaeuc/

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.