Почетна » Новости » Актуелно » Елизабета Ѓоргиевска донираше хуманитарни пакети и како покровител присуствуваше на конференција посветена на жените

Елизабета Ѓоргиевска донираше хуманитарни пакети и како покровител присуствуваше на конференција посветена на жените

Првата дама Елизабета Ѓоргиевска се вклучи во хуманитарна акција организирана од Амбасадата на САД и Црвениот крст на град Скопје.

Сопругата на претседателот на државата, Стево Пендаровски, донираше хуманитарни пакети за помош на нашите сограѓани кои во пресрет на зимските денови имаат потреба од помош. Генералниот секретар во Кабинетот на претседателот, Миле Бошњаковски, даруваше крв во Амбасадата на САД.

Акцијата за донирање на храна и дарување на крв на амбасадата на САД во партнерство со Црвениот крст на град Скопје и Институтот за трансфузиона медицина е во знак на сеќавање на 11 септември, но и да им одговори на потребите на заедниците во земјава.

Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска

Подоцна, Ѓоргиевска во улога на покровител присуствуваше на конференција на тема „Жените во надворешната политика“ организирана на иницијатива на заменик-министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки.

„Колку повеќе ние вложуваме во родовата еднаквост, толку повеќе ќе им овозможиме на идните генерации да наследат општество во кое стереотипите и системските бариери се намалуваат, а се зголемуваат можностите за сите да уживаат еднакви права во секоја сфера од животот“ – порачува нашата Прва дама.

Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска Елизабета Ѓоргиевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.