Во вистинска празнична атмосфера, исполнета со детска смеа, песни и неизмерна енергија, се одржа 29-тото издание на традиционалниот детски фестивал „СИ-ДО“. Овој уникатен културен настан уште еднаш го потврди својот статус како еден од најочекуваните и највлијателните детски фестивали во земјата.
На сцената блеснаа 20 „СИ-ДО“ ѕвездички – талентирани млади изведувачи кои со своите настапи ја воодушевија публиката и оставија трага во срцата на сите присутни. Заедно со нив настапија и „СИ-ДО“ детското хорче и танцовите групи, кои ја надополнија магијата на вечерта со енергични кореографии и сценска изведба полна со љубов и радост.
„Очите на децата светеа, се смееше секое лице – и на сцената и во публиката. Тоа е она што ‘СИ-ДО’ го прави посебен – чистата, искрена детска среќа,“ изјави Дарко Шерденков директор на фестивалот.
Како резултат на оваа музичка традиција, фестивалот ни подари 20 нови детски хитови, кои ќе можат да се слушаат и пеат низ целата година – дома, во училиште, на родендени и сите мали, големи прослави каде што музиката на „СИ-ДО“ ќе носи насмевки.
Фестивалот „СИ-ДО“ останува платформа која ги инспирира најмладите, им дава простор да блеснат и ги охрабрува да сонуваат големо. Со срца исполнети со гордост и љубов, организаторите со затворија ова издание и со возбуда ги почнуваа подготовките за јубилејното 30-то.


























































































































































































Фото: Ивона Кочов / Femina.mk