Почетна » Новости » Актуелно » Дарио Ивановски победник на Скопски маратон: „Македонци мои, оваа победа беше само за вас“

Дарио Ивановски победник на Скопски маратон: „Македонци мои, оваа победа беше само за вас“

Македонија му аплаудира на Дарио Ивановски.

Најдобриот македонски атлетичар победи на Виз Ер Скопски маратон со фантастично време од 2 часа, 14 минути и 50 секунди. Во финишот на трката, Дарио го остави зад себе Кениецот Џулиус Кипкоеч, кој долго време беше во водство, за да се искачи највисоко на пиедесталот.

Третото место му припадна на Грузиецот Давити Карашвили.

Дарио Ивановски Дарио Ивановски

Победата Ивановски им ја посвети на сите Македонци и рече дека најважно му е достоинствено да ги брани боите на нашата држава.

Еве видео од неговиот говор, објавено од неговиот тренер Игор Јакимовски:

„Македонци мои, оваа победа беше само за вас. Немам зборови со кои можам да опишам... Најважно од сè ми е секогаш достоинствено да ги бранам боите на нашата држава, на нашата прекрасна Македонија. Време е да покажеме дека Македонија има таленти. Ова е за сите вас, за сите млади. Уживајте во денот“ – рече Дарио.

Дарио Ивановски

Тренерот Игор им оддаде почит на жртвите во пожарот во Кочани.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 29791 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.