Почетна » Новости » Актуелно » Да бидеме хумани! Да му помогнеме на Игор од Битола кој се бори со Кронова болест и тежи само 39 килограми

Да бидеме хумани! Да му помогнеме на Игор од Битола кој се бори со Кронова болест и тежи само 39 килограми

Игор Пармаковски има потреба од наша помош. Поранешниот оперски пејач од Битола долги години се бори со Кронова болест и состојбата постојано му се влошува.

Поминале речиси три децении од неговата прва операција, а сега е потребен и нов итен хируршки зафат.

Поради сите компликации со болеста, Игор денес тежи само 39 килограми.

Игор

„Неговата телесна тежина изнесува 39 кг и има потреба од парични средства за да се оперира во најбрз можен рок. Ве молиме, кој колку што има, и најмалата донација ќе биде добредојдена и е потребна. Доколку сакате да донирате на овој линк а се наоѓате во Македонија, можите да донирате иако е сумата во долари. Макар и еден долар да донирате, нас многу ќе ни биде потребен. Во меѓувреме, се обидувам да отворам сметка за донации и во Македонија, доколку некој знае да ми помогне да се обратите до мене во директна порака. Ви благодарам од се срце!“ – пишува неговата внука, Стефани Талевска.

Броеви за донација

143 479 (A1)

143 161 (Телеком)

Сметка за донација

210-5015685135-23
НЛБ Банка АД Скопје

Стефани отвори и профил на Go Fund Me за собирање на потребните средства.

Донирајте тука!

Во 1991 година, на мојот вујко Игор Пармаковски му беше дијагностицирана Кронова болест и ја имаше првата операција. За несреќа, болеста се појави повторно и во 1999 година нему му беше направена втората операција, но овојпат повеќе се искомплицира.

По уште две операции во 2008 и 2018 година, неговата состојба се влоши и беа принудени да му го отстранат целото дебело црево (2018). Како што минуваше времето, неговите бубрези започнаа да откажуваат и сега Игор оди на дијализа и е во живото-загрозувачка состојба. Откажување на бубрезите и целосно отстранување на жолчната кеса. Оттогаш, тој е подложен на дијализа. Како резултат на горенаведените компликации, неговата моментална тежина е 39 килограми. Игор беше познат оперски пејач, но оваа болест ја уништи неговата кариера.

Тој се разведе од сопругата и никогаш не доби шанса да основа семејство. Ве молам помогнете ни да му го спасиме животот. Секоја донација, мала или голема, ќе биде корисна и многу потребна. Неговото тело е толку слабо и очајно му е потребна нашата помош.

Кронова болест е неспецифичен хронично воспалителен процес на тенкото црево што се карактеризира со стеснување на тенкото црево поради воспаленија, а може да се јави и на дебелото црево. Кај оваа болест се јавуваат многу ранички, чиреви на sидот на цревото кои меѓу себе се одделени со здрав ѕид, понекогаш се јавуваат и анални фисури, се чувствуваат повремени или трајни болки проследени со многу празнења (до 40 дневно), лажни нагони за во тоалет, во изметот има многу слуз, често и крв и кашасти состојки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11096 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.