Почетна » Новости » Актуелно » „Во оваа битка вие сте хероите“: Венко Филипче со видео порака за здравствените работници

„Во оваа битка вие сте хероите“: Венко Филипче со видео порака за здравствените работници

По повод Светскиот ден на здравјето, Венко Филипче со видео порака им се обрати на здравствените работници, порачувајќи им да бидат горди на тоа што го работат и да се грижат за нивното здравје, бидејќи токму тие се хероите во оваа битка.

Драги колеги здравствени работници,

Ви оддавам посебно признание за клучната улога која ја имате во здравствената нега и грижата за нашето здравје. Вашиот труд и пожртвуваност спасуваат животи и токму заради вас луѓето веруваат дека ќе бидат безбедни и здрави.

Сега, здравството и здравствените работници се клучниот столб во државата. Верувам дека секој од вас знае колку е важно да издржиме, да останеме посветени, сконцентрирани и да дадеме се од себе да им помогнеме на нашите сограѓани. Да издржиме со справувањето со коронавирусот во земјава.

Овој ден е ваш ден, вие сте на пиедесталот. Бидете горди на тоа што го работите, на тоа кои сте и колку сте значајни за секој од нас. Ви го честитам денот на здравјето и здравствени работници искрено ви благодарам за се што правите да ја надминеме кризата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10496 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.