Почетна » Новости » Актуелно » Венко Филипче: Срцето на Емилија чука во градите на Иван, а нејзините бубрези спасија живот на двајца пациенти

Венко Филипче: Срцето на Емилија чука во градите на Иван, а нејзините бубрези спасија живот на двајца пациенти

Животот на Емилија Динева згасна прерано, но таа спаси три животи. Семејството на 43-годишната мајка и сопруга во најтешките мигови даде благородна согласност да ги донира органите.

Со првата трансплантација на срце во нашата држава, срцето на Емилија беше пресадено во Иван Огњановски, а нејзините бубрези спасија двајца пациенти на дијализа.

Министерот Венко Филипче објави фотографии со тимот кој е најзаслужен што срцето на Емилија продолжува да чука заедно со пораката:

Ден полн со емоции за сите. За семејството Диневи кое пред неколку дена ја загуби својата сакана мајка и сопруга, Емилија Динева, за семејството Огненовски чиј татко и сопруг доби втора шанса.

Откако на Емилија Динева и беше дијагностицирана мозочната смрт, нејзините најблиски одлучија да ги донираат нејзиното срце и бубрези. Сега срцето на Емилија Динева чука во градите на Иван Огненовски, а нејзините бубрези спасија живот на двајца пациенти кои со години беа на дијализа.

Ден полн со емоции и за мене како човек, како хирург и на крајот како министер за здравство. Ова е историски ден за сите нас и за нашето здравство.

Благодарение на тројцата врвни каридохирурзи Проф. д-р Сашко Јовев од Државна Кардиохирургија, д-р Жан Митрев од клиниката "Жан Митрев", Проф. д-р Александар Николиќ од клиниката "Аџибадем Систина" и д-р Маја Мојсова Мијовска од КАРИЛ направена е правата успешна трансплантација на срце во нашата земја.

Бескрајно сум благодарен и горд на моите колеги за нивниот успех, на семејството на Емилија за нивната големина, човечност и хуманост и на семејството Огненовски на довербата кон нашите лекари!

Васил Огњановски, синот на Иван кој го доби срцето изјави: „Пред сè сакам да изразам големо сочувство до фамилијата и едно големо благодарам што со донирањето спасија три животи, од кои еден е животот на татко ми“. Тој истакна дека двете фамилии ги поврзува срцето и дека би сакал еден ден да се сретнат со семејството на Емилија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11073 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.