Почетна » Новости » Актуелно » Браво! Доктор од Куманово донираше крвна плазма за да спаси млад маж од Ресен кој се бори со коронавирус

Браво! Доктор од Куманово донираше крвна плазма за да спаси млад маж од Ресен кој се бори со коронавирус

Мирослав Бошковски треба да биде пример за секого.

35-годишниот доктор од Куманово, откако го победи коронавирусот, донираше крвна плазма за да го спаси 40-годишниот пациент од Ресен за кого деновиве кружеше апел на социјалните мрежи.

Д-р Бошковски апелира до сите кои го прележале SARS-CoV-2, да донираат крвна плазма и да спасат човечки живот.

Мирослав Бошковски

Бев меѓу првите заразени здравствени работници од Куманово. Прележав Ковид19 со средно тешка клиничка слика, но не беше ни најмалку наивна состојбата, 17 дена бев хоспитализиран на инфективното одделение во ОБ Куманово. Штом помина минималниот задолжителен период од оздравувањето се пријавив во регистарот за донирање рековалесцентна плазма, пред околу 10 дена, но не беа сите анализи завршени за да можам веднаш да донирам.

Активен член сум на Лекарската комора, на почетокот на месецот организиравме крводарителска акција помеѓу докторите која за жал, моравме да ја одложиме поради наглиот скок на новозаболени од Ковид19. Знаејќи дека сум крвна група Б+ и оздравен од Ковид19, претседателката на комората д-р Старделова ми го испрати апелот за донирање плазма кој се ширел неколку часа по социјалните мрежи. Веднаш почнавме да се јавуваме на сите назначени телефони и стапив во контакт со семејството на пациентот и д-р Грубовиќ од Институтот за Трансфузиологија и веднаш се започна со правење на сите анализи кои недостигаа. Утрово веќе беше издвоена крвна плазма и се надевам дека веќе е доставена во ГОБ ‘8ми септември’.

Апелирам до сите колеги и до сите граѓани кои прележале Ковид-19 веднаш по истекот на минималниот период од оздравувањето веднаш да се пријават за донирање, особено поради фактот што тоа е периодот кога заштитните антитела имаат највисок титар.

Мирослав Бошковски, претседател на ОО Куманово на Лекарската Комора на РСМ.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10506 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.