Македонија сè уште тагува по Андреја Ѓорѓиески, познат како Андреј од ДНК.
Во чест на македонскиот музичар, кој херојски загина во пожарот во Кочани, поставен е мурал на ѕид од кафуле во Скопје.
Муралот е дело на Дамјан Јордановски, кој е огромен фан на ДНК и нивната музика. Фотографиите и приказната зад ова негово дело тој ги објави на социјалните мрежи.
„Животот е круг знај, животот се врти некогаш сме последни, некогаш сме први. Сè е круг знај, животот се врти, денес имаш сè, а утре ништо не!“ – се стиховите на муралот од песната на Андреј од ДНК насловена „Круг“.

Заедно сите расневме, се смеевме, забавувавме, журкавме до бесвест, тагувавме, плачевме, посветувавме песни на новите и стари љубови, едноставно од старо до мало сите ги обожававме…!
Тргнувајќи од себе љубовта кон Андреј и ДНК секојдневно ги пренесував низ нивните песни во кафулето, толку ги слушав што почнаа да ми викаат “досаден си Дамјан дај смени…”
Кобниот ден отидов сам во @shoima.mk да читам книга мислејќи дека малку ќе ми помогне од целиот шок, но ме прекина веста за Андреј…
Затоа решив 3те работи што ми значат да ги спојам во едно: кафулето, Андреј и омилената песна од него. Ова е најмалку што можев да направам.
Андреј ќе живее вечно, како низ песните така и муралот ќе нè потсеќа на неговото дело и ќе ни буди добри спомени.
Искрено благодарам на @___nw99_ и неговата екипа што ме поддржаа и ми помогнаа за ова дело!


