Почетна » Новости » Актуелно » dmBeauty настан: dm те поканува на шарено makeup доживување!

dmBeauty настан: dm те поканува на шарено makeup доживување!

Подгответе се за инспиративна дружба со dm на 28 октомври во East Gate Mall во 17 часот, каде ќе имате можност да се дружите со инфлуенсери и познатите makeup артисти: Миа Арабаџиева, Фрози Фран, Зорица Николова и Косич студио, како и бесплатно да бидете нашминкани или да добиете подарок!

Богатството од бои е една од главните карактеристики на есента, а нивното комбинирање е начин да се изрази и ослободи автентичноста, креативноста и убавината кај секој од нас. Токму тоа се раскажува во есенската beauty кампања „Мојот свет останува шарен. Храбро, разиграно, во боја” на dm.

dm

Настанот ќе се одржи во East Gate Mall, на 28 октомври, од 17 до 20 часот. Со овој инспиративен настан dmвнесува возбуда и боја во есента преку најактуелните makeup производи и четирите најтренди бои за оваа сезона: viva magenta, red orange, silver и gold. Покрај дружбата со инфлуенсери и познатите makeup артисти: Миа Арабаџиева, Фрози Фран, Зорица Николова и Косич студио, девојките ќе имаат можност да го завртат шареното тркало на среќата и да освојат бесплатно шминкање од овие makeup артисти или подарок!

Оваа авантура ќе биде уживање за сите сетила, сензација од бои, музика и вкусови. Затоа dmги поканува сите оние кои се расположени да ги откријат новите makeup трендови да се придружат на овој возбудлив настан со богата содржина каде заедно сите ќе уживаат во боите на есента, ќе се забавуваат, ќе се фотографираат во Instagram катче и ќе ги дегустираат сензационалните dmBio органски закуски. Возбудата ќе биде уште поголема со многубројните изненадувања и подароци кои ве очекуваат!

Смели како viva magenta, самоуверени како red orange, впечатливи како silver и влијателни како gold - храбро, разиграно, во боја, светот останува шарен и оваа есен. Да го изразиме внатрешниот свет низ боите на есента оваа сабота, затоа што убавината доаѓа одвнатре, а шминката е само средство кое помага таа да се истакне однадвор!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11588 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.