Почетна » Новости » Актуелно » 561 новозаразен и 29 починати од коронавирус

561 новозаразен и 29 починати од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 4.384 тестирања, а има 561 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје – 249
  • Куманово – 49
  • Струмица – 40
  • Охрид – 30
  • Штип – 25
  • Тетово – 23
  • Прилеп – 18
  • Кавадарци – 16
  • Битола – 14
  • Велес – 12
  • Кичево – 10
  • Гостивар – 9
  • Радовиш – 8
  • Кочани – 7
  • Струга и Свети Николе – по 6
  • Ресен и Дебар – по 5
  • Гевгелија, Берово, Виница и Македонска Каменица – по 4
  • Неготино – 3
  • Крива Паланка, Делчево, Валандово и Кратово – по 2
  • Пробиштип и Богданци – по 1
ковид податоци

Пријавени се 29 починати лица: 13 од Скопје (88г, 76г, 70г, 70г, 69г, 68г, 67г, 66г, 56г, 54г, 53г, 40г, 2г), 3 од Куманово (84г, 69г и 39г), по 2 од Тетово (69г и 68г), Струмица (76г и 68г) и Охрид (88г и 67г) и по едно од Гостивар (71г), Кичево (62г), Дебар (60г), Кратово (72г), Радовиш (67г), Крива Паланка (69г) и Ресен (72г). Од пријавените, 27 се починати во болнички услови, а 2 лица во домашни услови.

Регистрирани сe 507 оздравени пациенти од:

  • Скопје – 201
  • Тетово – 39
  • Гостивар – 37
  • Куманово – 33
  • Струмица – 25
  • Штип и Кичево – по 18
  • Прилеп и Дебар – по 16
  • Кавадарци – 15
  • Свети Николе – 13
  • Велес – 12
  • Кратово – 10
  • Битола – 9
  • Радовиш и Берово – по 8
  • Кочани – 6
  • Виница и Крива Паланка – 4
  • Ресен, Валандово и Пробиштип – по 3
  • Гевгелија и Неготино – по 2
  • Делчево и Богданци – по 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.010 бројката на оздравени пациенти е 166.606, на починати е 6.396, а бројот на активни случаи изнесува 13.008.

Дополнителна информација за починатото 2-годишно дете:

Дете родено со конгенитални малформации, со дијагнози бактериска сепса кај новородено, Хоспитализирано и оперирано во повеќе наврати на клиниките за детски болести, детска хирургија и неврохирургија од конгенитални интестинални (цревни) малформации, компликации перфорација на црево, перитонит,некротизирачки ентероколит, ресекција на јејунум, интракранијална хеморагија, аплициран вентрикуло-преитонеален шант. При последниот прием на клиниката за детска хирургија поради малнутриција и дехидрација, поради ковид протоколите е тестирано и е со COVID-19 позитивен резултат. Поради компликации настaпува exitus letallis.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.