Почетна » Новости » Актуелно » 530 новозаразени и 26 смртни случаи од коронавирус во Македонија

530 новозаразени и 26 смртни случаи од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.999 тестирања, а има 530 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје 229
  • Куманово 37
  • Штип 10
  • Прилеп 37
  • Тетово 5
  • Струга 13
  • Велес 14
  • Битола 24
  • Охрид 28
  • Кавадарци 32
  • Гостивар 13
  • Гевгелија 9
  • Струмица 18
  • Крива Паланка 7
  • Радовиш 4 Крушево 1
  • Кочани 5
  • Демир Хисар 1
  • Пехчево 8
  • Берово 2
  • Валандово 3
  • Виница 2
  • Кратово 3
  • Свети Николе 1
  • Кичево 4
  • Ресен 8
  • Неготино 12
коронавирус

Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (79, 75, 68, 78, 70, 84 и 83г), еден од Куманово (69г), четири од Прилеп (68, 88, 50 и 71г), еден од Тетово (53г), три од Струга (56, 84 и 81г), двајца пациенти од Битола (62 и 74г), тројца од Охрид (66, 65 и 79г), двајца од Гостивар (68 и 82г), двајца од Струмица (74 и 62г) и еден пациент од Делчево (56г). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 538 оздравени пациенти од:

  • Скопје 259
  • Куманово 24
  • Дебар 11
  • Штип 14
  • Прилеп 25
  • Тетово 32
  • Велес 17
  • Битола 19
  • Кавадарци 21
  • Гостивар 18
  • Гевгелија 11
  • Струмица 15
  • Крива Паланка 6
  • Радовиш 8
  • Кочани 6
  • Пробиштип 2
  • Демир Хисар 2
  • Македонски Брод 3
  • Пехчево 2
  • Берово 5
  • Валандово 3
  • Виница 2
  • Кратово 1
  • Свети Николе 8
  • Кичево 7
  • Ресен 2
  • Неготино 15

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 81.425, бројката на оздравени пациенти е 58.720, на починати е 2.427, а бројот на активни случаи изнесува 20.278.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12005 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.