Почетна » Новости » Актуелно » 53 новозаболени и 25 оздравени, а нема нови смртни случаи од коронавирус кај нас

53 новозаболени и 25 оздравени, а нема нови смртни случаи од коронавирус кај нас

Во изминатото деноноќие регистирани се 53 нови случаи на коронавирус во земјата. Министерството за здравство информираше дека 13 од новозаболените се од Скопје, 9 од Куманово, 9 од Прилеп, 4 од Тетово, 2 од Струга, 12 од Велес, 2 од Битола и 2 од Македонски Брод.

Со тоа, вкупниот број на заболени од КОВИД-19 кај нас се искачи на 1.170.

Коронавирус

Денеска се регистрирани 25 излекувани пациенти! Од нив 6 се испишани од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и 19 кои се се лекуваа во домашни услови.

Уште една добра вест е што во изминатото деноноќие нема нов смртен случај од КОВИД-19 во земјата.

Во изминатите 24 часа направени се вкупно 697 тестови.

Коронавирус

Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:

  • Скопје – 401
  • Куманово – 320
  • Дебар – 51
  • Штип – 32
  • Прилеп – 112
  • Тетово – 52
  • Струга – 55
  • Велес – 55
  • Битола – 17
  • Охрид – 7
  • Кавадарци – 4
  • Гостивар – 12
  • Гевгелија – 4
  • Струмица – 2
  • Крива Паланка – 4
  • Радовиш – 4
  • Крушево – 3
  • Кочани – 26
  • Пробиштип – 2
  • Кичево – 2
  • Неготино – 2
  • Демир Хисар – 1
  • Македонски Брод – 2

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9461 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.