Почетна » Новости » Актуелно » 24 оздравени, 20 нови заболени и 1 смртен случај од коронавирус во земјава

24 оздравени, 20 нови заболени и 1 смртен случај од коронавирус во земјава

Според информациите кои ги сподели Министерството за здравство, денес Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (63 години), примен на болничко лекување на 6 мај како сомнителен на КОВИД-19, потврден позитивен еден ден подоцна.

Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје (16), Куманово (2) и Прилеп (2).

коронавирус

Досега во земјата се направени вкупно 24.762 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 355 теста се во рамките на скринингот. Досега со скринингот направени се 2.060 тестирања на КОВИД-19, а регистрирани се само два позитивни случаи на вработени во градинка во Битола и во Скопје. Сите останати резултати се негативни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.941, бројката на оздравени пациенти е 1.411, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11174 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.