Почетна » Новости » Актуелно » 20 оздравени, 14 нови заболени и 1 смртен случај од коронавирус во Македонија

20 оздравени, 14 нови заболени и 1 смртен случај од коронавирус во Македонија

Според најновиот извештај на Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје регистрира 20 нови оздравени пациенти.

Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје (5), Прилеп (2), Тетово (1) и Велес (6).

Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април.

коронавирус

Вкупната бројка на заболени од КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.586, бројката на оздравени пациенти е 1.099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11071 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.