Почетна » Забава » Хороскоп » Кинески хороскоп 2020: Што ќе ви донесе Годината на Стаорецот?

Кинески хороскоп 2020: Што ќе ви донесе Годината на Стаорецот?

Денес, Кинезите си посакуваат „Среќна Нова година“, дочекувајќи ја Кинеската Нова година која ќе трае до 12 февруари 2021 година. Според кинескиот зодијак, ова е Годината на Металниот Стаорец.

Калкулатор за кинески хороскоп

Внеси датум на раѓање и кликни „Пресметај“

Стаорецот е прв од 12-те знаци кои го сочинуваат Кинескиот зодијак, што значи дека 2020 година ќе ни биде година на нови почетоци, обновување и преродба на секое поле од животот – од љубов до работа. Мораме постојано да бидеме во движење и во акција, не смееме да си дозволиме мрзливост за да не си ги пропуштиме прекрасните шанси кои ќе се појавуваат пред нас. Успесите ќе доаѓаат за нас со БУМ – ненадејно и неочекувано, но сите ќе можат да ги видат.

Иако напорната работа ќе ни носи голема заработка, парите лесно ќе бегаат од нашиот паричник, а штедењето ќе биде еден вид илузија. Стаорецот го обожава луксузот и материјалните нешта, па честопати ќе живееме на голема нога и ќе правиме сè во стил на ѕвезди. Ако пак нешто е и практично и привлечно за око, не треба ни да се обидуваме да му одолееме.

Ова е одлична година за купување недвижност, за основање сопствен бизнис и за инвестирање пари. Сепак, сите наши чекори треба да бидат внимателно планирани однапред.

2019 година на сите ни донесе непредвидливи случки во љубовта, но 2020 ќе биде мирна и хармонична година. Клучот за градење на цврст љубовен сојуз е во добрата комуникација.

Годината на стаорецот ќе нè натера да веруваме дека сè е возможно, дека сите сами си ја создаваме судбината и дека можеме да бидеме личноста што сакаме да бидеме. Ова ќе биде силна просперитетна и среќна година речиси за сите знаци.

Стаорец

Кинески хороскоп

Следете ги вашите соништа, тие може да станат реалност во претстојната година, која ќе биде голема и важна за вас. Започнува нов 12-годишен циклус во кој ќе сакате да оставите зад себе сè што се правеле во изминатите години. Едноставно нема да сакате да ги правите старите нешта и ќе се насочите кон нова енергија, нови искуства, нови луѓе, нови места. Патувањата ќе се сместат на агендата на сите претставници на овој знак.

Море од можности ќе се појави пред вас во Годината на Стаорецот. Идеален период за промени е првото тримесечје.

Исто како што стаорците си прават пат кога вратата не им е отворена, така и вие ќе успевате да се пробиете онаму каде што сакате, да влезете во секое срце и да ја освоите секоја личност што ќе посакате. Очекувајте големи промени во домот и семејството. Можно е преселување или реновирање.

Љубов

Иако во најголем дел од годината вашиот фокус ќе биде насочен кон работата, ни љубовта нема да заостанува. Ќе бидете многу поспонтани од изминатата година. Возбудата ќе ве обземе, а вие ќе бидете склони кон љубовни експерименти. Многу претставници на овој знак нема да сакаат да влезат во трајна врска, туку ќе имаат кратки, но слатки авантури за забава. Ако сепак запознаете некој со потенцијал за долга врска, покажете му го вистинското лице од почетокот и гордејте се со она што сте.

Можно е да ја пронајдете вашата сродна душа при активности под отворено небо. Почесто излегувајте надвор. Патувајте, планинарете, пешачете, возете велосипед, одете на кампинг.

Ако сте во врска, не дозволувајте кариерата да навлезе во вашиот личен живот и да ви со скрати времето за партнерот. Морате да ги слушате вашите желби и потреби, но и желбите и потребите на саканиот.

Кариера и пари

Засадете го семето чии плодови сакате да ги собирате во претстојните години. Годината на Стаорецот ќе ви донесе бројни можности, особено ако се стремите кон промени како нова работна позиција, нова област на работа, нови соработници, стекнување нови вештини и слично.

Клучниот збор за успех оваа година е АКЦИЈА. Во годината управувана од Стаорецот, нема време за мрзливост, излежување и ноншалантност. Не чекајте да се случи чудо и да ги постигнете посакуваните цели – морате да ги засукате ракавите и да се борите за тоа. Зграпчувајте ги шансите, не потклекнувајте пред пречките, едноставно не престанувајте да се обидувате. Стаорецот е итар, мудар, успешен и брилијантен кога станува збор за пронаоѓање решенија за проблемите, што значи дека лесно ќе ги совладувате пречките.

Ќе се радувате на одлични односи со колегите и соработниците, па секогаш кога ќе имате потреба од помош или совет, ќе ги добивате. Вашата репутација ќе се подобри, а вие ќе се чувствувате моќно.

Ако сте во потрага по работа, ќе имате многу можности, но и голема конкуренција. Не грижете се, потребно е само да ги покажете вашите таленти и способности за да ги оставите конкурентите зад себе.

Вол

Кинески хороскоп

Брилијантна година започнува за вас, блеснете во полн сјај. Во 2020 ќе имате бројни шанси да ги покажете вашите квалитети и да си ја зголемите заработката. Не трепнувајте, прекрасни случки ќе го преплават вашиот живот, но додека сите тие ќе ве одушевуваат, ќе ви го одземаат времето за релаксација.

Морате да научите повеќе да се грижите за себе и за вашето здравје. Престанете да работите екстремно напорно без никаков одмор, осигурете си квалитетен сон, хранете се здраво и редовно вежбајте. Ако пиете алкохол или пушите цигари, откажете се од лошите навики.

Пријателите ќе имаат важна улога во вашиот живот. Нивната поддршка, охрабрувачките зборови и љубовта ќе ви даваат чувство на семоќност.

Сега морате да одлучите кои нешта ќе ги понесете со себе во следната година, која ќе биде и ваша година, а кои ќе ги оставите да паднат покрај вашиот пат.

Љубов

Дефинитивно ќе имате поромантична година од претходната. Ќе се чувствувате атрактивно, но тоа не значи дека ќе престанете да се стремите кон подобрување на изгледот. Годината на Стаорецот е како создадена за промени во стилот и фигурата. Ако сакате да ослабите, да ја промените бојата на косата, да внесете освежување во стилот или да го подобрите држењето на телото, само напред.

Љубов на прв поглед ќе им се случи на некои претставници на знакот Вол. Престанете да го барате совршениот за вас на бескрајно далечни локации, тој е во ваша близина и набрзо ќе го сретнете. Не верувајте во шпекулации и озборувања во март – можно е лажни информации да стигнат до вашите уши.

Ако сте во долга врска или брак, можно е трети лица или вашите бивши љубови да ви ги нарушат хармоничните односи со партнерот. Сепак, постои едно моќно оружје кое ќе ви помага да победувате во секоја битка – добрата комуникација. Разговарајте отворено и искрено со вашиот сакан.

Некои парови ќе одлучат да го направат следниот чекор – свршувачка или брак. Очекувајте романтична и страсна година ако сте веќе во брак.

Кариера и пари

Мислите дека 2019 година ви беше успешна? Почекајте! Всушност, 2020 година ќе ви ги донесе посакуваните резултати од напорната работа во изминатиот период, веројатно и во изминатата декада. Ова е последна година од 12-месечниот циклус за вас, или период на жнеење. Брзо искачување нагоре во кариерата, признанија, комплименти од лица на висока позиција се блиска иднина на многу родени во знакот Вол.

Фантастични месеци за финансиски просперитет се на повисок. Профитот е загарантиран. Сепак, пред да носите одлуки поврзани со инвестирање пари, консултирајте се со експерти. Очекувате зафатена и екстремно богата година ако имате работно место поврзано со недвижности, осигурување или консултантски услуги.

Морате да стоите подалеку од колеги кои ви ја уништуваат мотивацијата за работа или ви поставуваат пречки при извршувањето на задачите.

Некои од вас ќе потпишат екстремно важен договор оваа година. Тоа може да е за купување нов дом, за нова работна позиција, за соработка... Морате внимателно да го прочитате секој збор пред да го ставите вашиот потпис на хартија.

Тигар

Кинески хороскоп

Живејте онака како што вие сакате, не како што другите бараат од вас. Годината на Стаорецот ќе ве натера да престанете да им угодувате на сите и да започнете да се стремите кон остварување на вашите желби. Грешка е да ја споредувате 2020 со годината која ја оставивте зад себе, бидејќи во оваа ќе се чувствувате како сосема нова личност. Не препуштајте ништо на случајноста, но и не ги избрзувајте случувањата.

Спакувајте го куферот со непотребни нешта и фрлете го подалеку од себе. Зошто и оваа година да продолжите да се дружите со лица кои ве прават напнати и да чувате предмети што ве растажуваат? Фокусирајте се на важното и ослободете се од неважното.

Ќе ви се чини дека имате моќ за претскажување на иднината, бидејќи ќе ги претчувствувате случките кои претстојат. Интуицијата ќе ви биде силна, па често поминувајте време насамо во тишина за да го слушнете вашиот внатрешен глас. Соништата исто така ќе ви бидат важни, па не го игнорирајте нивното значење.

Љубов

Ќе си мислите дека срцето може да ви експлодира од љубов со секој изминат ден во Годината на Стаорецот. Страста ќе биде присутна во секое делче од вашето тело.

Некој сличен на вас ќе ви го привлече вниманието ако сте сингл. Некој кој ќе поседува голем дел од вашите карактеристики и интереси. За вас нема да ваши изразот „Спротивностите се привлекуваат“, бидејќи кај родените во Тигар ќе се привлекуваат само сличностите. Не се изненадувајте ако паднете на шармот на друг Тигар или на пријател со кого отсекогаш сте се согласувале совршено.

Ако сте во врска или брак, комуникацијата со партнерот ќе ви биде неверојатна, па дури и ако наидете на пречки, ќе ги прескокнувате држејќи се рака за рака. Ќе сакате партнерот да го види најдоброто кое го поседувате. И токму тоа ќе се случи. Не ги повторувајте грешките од минатото ако сте во врска. Ова е одлична година за да имате бебе.

Во Годината на Стаорецот, можни се нагли промени во љубовниот статус. Ако гледате дека кон вас доаѓа бран, земете ја даската за сурфање за да не бидете потонати од него. Ако имате проблеми во бракот, направете нешто во врска со тоа. Можеби е време за брачни консултации, можеби е време вистински да застанете и да се слушнете еден со друг, да проверите што му треба на другиот...

Кариера и пари

Искористете ги шансите во поволната година која ви претстои. Колку повеќе верувате во вашите способности, толку повеќе успеси ќе нижите. Среќата ќе биде на ваша страна и ќе пристигне во вашата кариера во форма на унапредување. Сепак, не очекувајте големи промени во цифрата на банкарската сметка, Годините на Стаорецот никогаш не го здебелуваат вашиот паричник.

Морате максимално да се грижите за односите со колегите и претпоставените, бидејќи токму тие може да бидат заслужни за вашиот напредок. Не се изненадувајте ако некој кој сте го сметале за жесток конкурент ве предложи за унапредување или кажува пофалби зад вашиот грб.

Дали сте во чекор со технологијата? Во претстојната година, морате да бидете, па ако чувствувате дека заостанувате во оваа сфера, надградете се себеси.

Зајак

Кинески хороскоп

Претстојната година ќе ви биде како продолжение на претходната, но во 2020 ќе ги реализирате целите што си ги поставивте лани. Точно ќе знаете што правите и веќе ги имате потребните вештини за да стигнете до успехот. Заборавете на скромноста, блеснете во најмоќното издание досега.

Со задоволство ќе ги дочекате бројните пријатели кои годинава ќе го направат вашиот социјален живот хетероген, шаренолик и интересен. Не се плашете да излегувате во нови друштва.

Годината на Стаорецот ќе ве натера да промените голем дел од вашите рутини и да си го подобрите квалитетот на спиењето. Обидете се да поминете повеќе време под отворено небо одошто пред екраните. Засилете го интензитет на тренинзите, но најважно од сè е да пронајдете нешто што ќе ве релаксира кога сте под стрес. Направете ги потребните здравствени прегледи, особено ако не се чувствувате добро.

Најголемата среќа ќе ја пронајдете ако ги направите посакуваните промени во надворешниот изглед – ако имате потреба да намалите неколку килограми, ако вежбате редовно... Одделете повеќе време и енергија за да го создадете посакуваниот изглед и самодовербата која ќе ви помогне да блескате секој ден.

Љубов

Страсна година им претстои на сите претставници на знакот Зајак. Ако трагате по нова врска, дефинитивно ќе ја пронајдете љубовта на вашиот живот. Збогатете го вашиот друштвен живот, почесто излегувајте на забави и настани надвор од домот. Несомнено ќе пронајдете некој кој ќе ви ја даде љубовта која ја заслужувате. Бидете непредвидливи во односите со него. Спонтаноста ќе биде привлечна.

Родените во Зајак кои веќе имаат партнер ќе се поврзат со него на подлабоко ниво. Искрено ќе започнете да се грижите за неговите желби и потреби. Ако гледате дека тој не е задоволен со вашите постапки, нема да се обидувате да го промените неговиот карактер, туку вашиот.

Не се задоволувајте со статус кво во врската, кога знаете дека може да бидете многу посреќни заедно. Романтичните вечери ќе ви бидат незаборавни и секогаш исполнети со нешта кои ги обожавате – подароци, среќи, комплименти за изгледот. Не брзајте со одговорите на неговите прашања. Најромантичен период ќе ви биде сезоната пролет/лето.

Кариера и пари

Не ризикувајте во Годината на Стаорецот, играјте на сигурно. Ако нешто силно посакувате, наоружајте се потребните вештини тоа нешто да го постигнете.

Добрата комуникација на работното место ќе ви биде клучниот адут за успех. Соработувајте со колегите, изградете поблиски односи и разбудете го тимскиот играч во себе. Ова е година кога треба да ги претпочитате соработките.

Ако во изминатиот период имавте земено заем и тој долг ви тежеше на грбот, набрзо ќе го исплатите. Стремете се повеќе кон штедење, а помалку кон трошење. Некои од вас ќе започнат да продаваат облека, мебел или предмети кои не ги употребуваат повеќе за да заработат.

Змеј

Кинески хороскоп

Со среќата на вашата страна, 2020 година нема како да не ви биде убава. Прекрасни случки ви претстојат и во љубовта и во кариерата, па ќе се чувствувате многу посмирени кога ќе помислувате на вашата иднина. Уф, колку големо олеснување!

Годината на Стаорецот е година за новитети, за експериментирање и за следење на љубопитноста. Нов дом, нови пријатели, нов партнер, нова адреса, нов изглед... Сето ова е возможно за вас во претстојните 12 месеци.

Соочете се со нештата кои постојано ги поттурнувате и за кои никогаш не ви останува време. Не дозволувајте неорганизираноста да ви го забавува напредокот. Морате да научите повеќе да се грижите за себе, особено кога станува збор за вашето спиење. Создајте атмосфера која ви одговара вас за да си го дадете потребниот одмор – затемнете ја просторијата, отстранете ја технологијата од спалната соба, спијте во памучна облека...

Љубов

Друштвениот живот ќе ви пламне благодарение на бројните нови пријатели кои ќе влезат во него. Настан по настан, забава по забава, вие ќе ја ширите вашата мрежа од контакти меѓу кои ќе биде и посебната личност која ќе ви го освои срцето. Прифаќајте ги поканите за излегување, одете на љубовни состаноци, па макар и ако се „на слепо“. Вистинската љубов дефинитивно ќе се роди оваа година.

Интуицијата ќе ви биде многу силна кога станува збор за партнерот, па ќе ви се чини дека со него можете да комуницирате без да изговорите ниту еден збор. Внесете поголема возбуда во врската и држете ја страста на максимум. Заборавете на монотонијата, разнообразувајте ги вашите денови со нови нешта. Ова е совршена година за планирање бременост. Некои од вас ќе се радуваат на пристигнување на нов член во семејството.

Сепак, додека некои претставници на вашиот знак ќе се радуваат на волшебна врска како од бајка, други ќе одлучат да раскинат со партнер кој повеќе не го сакаат.

Кариера и пари

Претстојната година ќе ве одведе на врвот и ќе го награди трудот кој го вложувавте во изминатите години. Продолжете да ги покажувате вашите таленти, унапредувањето е многу поблиску отколку што си мислите.

Иако ќе сакате да работите сами, за претпочитање е тимската работа и поврзувањето со вашите колеги. Можно е ваш колега или пријател да ве предложи за повисока позиција и да биде причината за вашето искачување меѓу ѕвездите.

Промените на вашето работно место се неизбежни. Можно е да добиете нов шеф, да промените позиција или да започнете професионална реализација во сосема друга сфера, да бидете вклучени во проект кој ќе ви го промени животот... Доколку поседувате сопствен бизнис, можно е да тој да порасне во голема и реномирана компанија.

Ова, иста така, е година кога ќе се фокусирате на зголемување на заработката, па ќе прифатите понуда за хонорарна работа. Некои претставници на знакот Змеј ќе се израдуваат на пасивна заработка, можеби од лото или друга игра на среќа. Ќе имате можност да заштедите значителна сума.

Змија

Кинески хороскоп

Добредојдовте во една од најубавите години за вас. Можностите ќе бидат насекаде, што значи дека што и да посакате, можете да го имате. Потребно е само да ја испружите раката и да го земете она што ви е потребно. Најдоброто нешто што можете да го направите на почетокот од Годината на Стаорецот е да создадете листа со желби, а универзумот ќе ви ги оствари.

Многу „тврдоглави“ препреки кои не можевте лани да ги совладате, сега лесно ќе паднат пред вас, а вие ќе се чувствувате слободни да уживате правејќи го она што го сакате.

Најголемо задоволство ќе чувствувате кога сте со старите добри пријатели, но и кога го проширувате вашиот друштвен круг. Сè што се работи во група, во тим или во организација ќе ве усреќува. Излезете и придружете им се на соседите или сограѓаните во акција за почиста животна средина или во организирање на добротворен настан.

Морате да бидете внимателни додека возите.

Љубов

Зарем е ова возможно? И самите ќе се изненадите кога љубовта ќе го обземе просторот околу вас, а вашиот живот ќе се обои во црвено. Ако сте во потрага по нова љубов, ДЕФИНИТИВНО ќе ја пронајдете. Зачестете ги излегувањата, погрижете се за вашите онлајн профили, дотерувајте се и уживајте во животот. Среќна личност е и привлечна личност.

Многу е важно да заборавите на минатите врски, да ги сошиете вашите рани и да ги избришете од главата спомените кои ви стојат на патот кон нов среќен почеток. Не ги споредувајте оние кои ќе ги запознаете во претстојната година со оние кои сте ги познавале во минатата. Имате премногу силна интуиција, па нема шанси да згрешите при изборот на нов партнер. Верувајте си себеси.

Зголемената емотивност ќе ви помогне да ја продлабочите врската со вашиот сакан и уште повеќе да се зближите.

Претстојната година е создадена за проширување на семејството. Некои претставници на Змија ќе откријат дека се бремени, други ќе побараат помош поврзана со плодноста, трети ќе одлучат да посвојат дете. Ако не планирате бебе, користете заштита.

Кариера и пари

Минатата година беше тешка за вас и иако напорно работевте, веројатно не добивте многу за возврат. Годината на Стаорецот ќе ви биде сосема поразлична и ви покаже дека трудот никогаш не останува ненаграден. Таа ќе ви биде како виножито по бура. Соберете ги плодовите од засадените семиња.

Креативноста најмногу ќе ви помогне да напредувате во кариерата. Претстојната година е совршена за артистите и уметниците. Можно е да ја завршите книгата која ја пишувате, да насликате ремек-дело, да започнете проект кој ќе ви ја разбуди имагинацијата и сл.

Екстремно интуитивни годинава ќе бидете за време на преговори и договори. Точно ќе знаете кога треба да ја зголемите цената, а кога треба да отстапите и да речете „Во ред“. Лесно ќе ги препознавате лицата кои се обидуваат да манипулираат со вас и нема да им дозволувате.

Ако имате стар долг, ќе го исплатите во Годината на Стаорецот и ќе започнете да штедите. Одолејте им на нагоните за трошење голема сума пари на нешта кои не ви се неопходни. Малите трошоци нема да ви бидат проблем годинава.

Коњ

Кинески хороскоп

Годината на Стаорецот нема да биде лесна за вас. Да, ќе имате многу можности, но тие нема да доаѓаат без предизвици. Искористете ја вашата мудрост и упорноста за да ги претворите тие предизвици во шанси. Потребно е да го сакате она што го правите.

Вие сте популарна личност и најчесто сте навикнати да добивате големо внимание. За жал, во претстојните месеци ќе се чувствувате занемарено и запоставено. Ова е година кога сите ќе гледаат на другиот крај од зодијакот, во Стаорецот, игнорирајќи го вашето присуство. Зборувајте гласно, тропајте со нозете, бидете упорни ако сакате да бидете забележани и слушнати. Оние кои лесно ќе се откажуваат, ќе имаат најтешка година.

Бидејќи ова ќе биде напорна и активна година за вас, ќе имате потреба од голема енергија. Хранете се здраво, вежбајте редовно, пијте течности и земајте ги витамините кои ви е се потребни.

Екстремно интуитивни ќе бидете кога станува збор за вашето здравје. Ако чувствувате дека нешто не функционира како што треба во вашиот организам, одете и направете ги потребните прегледи.

Љубов

Морате да се борите за она што го сакате во претстојните 12 месеци. Ако некој ви се допаѓа, флертувајте со него, испратете му абер преку пријател, напишете му „Здраво“ на социјалните мрежи... Не бидете пасивни, направете нешто. Многу сингл претставници на Коњ ќе запознаат некој кој ќе им разбуди чувства што не ги почувствувале никогаш претходно. Можно е да се заљубите во личност која воопшто не се вклопува во претходно зацртаните критериуми.

Паровите ќе создадат екстремна поврзаност годинава. Најголемите промени ќе ги чувствувате во вашата комуникација. Ќе се поддржувате еден со друг со партнерот како никогаш досега, а тоа ваше зближување ќе резултира со носење на врската на следното ниво. Бременост, свршувачка и брак се возможни за вас.

Годината на Стаорецот на некои претставници на знакот Коњ ќе им донесе промени во домот. Тоа може да биде преселување или реновирање, или пак, можеби некој ќе се всели или отсели од вашето живеалиште. Многумина ќе започнат да бараат алтернатива за работа од дома.

Кариера и пари

Годината на Стаорецот ќе ви ги донесе посакуваните можности за напредок во кариерата, но ќе морате да се потрудите за да ги искористите. Ако се стремите кон вашето прво вработување, ќе го добиете! Ако се стремите кон повисока работна позиција, наскоро ќе добиете унапредување! Сепак, тоа нема да се случи ако стоите пасивно и не преземате ништо. Аплицирајте за посакуваните работни позиции, зголемувајте ги вашите вештини, истакнувајте ги вашите таленти.

Благодарение на напорната работа, многу родени во овој знак ќе го прошират сопствениот бизнис и ќе си го подобрат имиџот кај клиентите. Бидете внимателни доколку потпишувате договори, можни се правни проблеми.

Ќе имате прекрасни идеи, но можеби тие нема да го привлечат вниманието кое го очекувате. Ако, не се откажувајте. Луѓето не ве слушаат? Зборувајте погласно! Некој не ви одговара на прашањата? Поставете ги повторно! Производите не ви се купуваат? Рекламирајте ги! Правете што ќе правите, само не се откажувајте. Доколку не можете сами, здружете се со истомисленици и заедно „кренете прашина“. Борбеноста ќе ви ги донесе неопходните ресурси за реализирање на вашите замисли.

Коза

Кинески хороскоп

Животот ќе ви се промени во претстојната година, која ќе ви донесе нови можности на секое поле. Вие сте личност која секогаш се грижи премногу за другите луѓе, но за го правите тоа и оваа година, ќе морате прво да се погрижите за себе. Бидете понежни кога си зборувате себеси пред огледалото, не си судете престрого за грешките и сакајте се себеси онакви какви што се. Следете ја вашата страст, таа ќе ве одведе онаму каде што припаѓате.

Здравјето може да ве загрижува, па вложете напори за да го промените тоа. Направете го вежбањето дел од вашето секојдневие, хранете се здраво и балансирано, избегнувајте ги стресните ситуации... Подобро е да се спречи одошто да се лечи.

Ова е година кога ќе продолжувате да го чистите негативното од вашиот живот за тоа да не ве спречува да си ги постигнете зацртаните цели. Приватноста ќе ви биде многу важна, па ќе ги чувате вашите тајни како најскапоценото нешто. Во ниту еден момент нема да им давате на луѓето информации кои ќе можат да ги искористат за да ве повредат и тоа ќе ве усреќува.

Љубов

Претстојните месеци ќе ви донесат бројни можности за да ја пронајдете среќата во љубовта, без разлика на вашиот моментален статус. Претставниците на знакот Коза секогаш најсилно и најчисто се вљубуваат во Годините на Стаорецот. Прекрасни нови личности ќе се борат за вашето срце, но морате да го изберете оној кој не само што најмногу ве сака, туку и кој не се плаши да ви го покаже тоа и кој ве тера најгласно да се смеете. Брзо ќе го губите интересот за пасивните и монотони личности.

Промени ќе се случат во многу врски. Ако сте среќни со вашиот партнер, ќе одлучите да стапите во брак или да имате дете заедно. Буквално ќе се чувствувате благословени што се имате еден со друг, летајќи на седмо небо. Многу од вас ќе испланираат романтично патување кое ќе ги потсети на силната страст од почетокот на врската. Сепак, додека некои од вас ќе уживаат во хармонија, други ќе одлучат да му кажат „Збогум“ на партнер кој повеќе не ги усреќува.

Интуицијата ќе ви биде најсилна во односите со партнерот и со вашите деца. Потребно е само да ги погледнете во очи за да ги прочитате нивните намери, за да видите дали се среќни или нешто не е во ред во нивниот живот, дали сакаат да ви ја кажуваат вистината или не. На тој начин ќе можете да им подадете рака кога им треба помош.

Кариера и пари

Пред вас е продуктивна година во која ќе ги рушите планините кои стојат пред вас, ширејќи ги вашите хоризонти. Ќе откриете можности кои досега не сте ги гледале. Креативноста ќе ви биде на максимум, па ако имате работно место поврзано со дизајн или уметност, очекувајте екстремно успешна и плодна година.

Промени во деловните партнерства им претстојат на многу претставници на вашиот знак. Ако склучувате ново партнерство, морате да бидете многу внимателни кога го ставате вашиот потпис на хартија. Прочитајте го неколкупати напишаното. Подгответе се многу добро доколку ви претстои правен спор за да се уверите дека ќе бидете победници, а не победени.

Нема да имате финансиски проблеми оваа година. Ќе имате многу можности за дополнителна заработка, а можни се и пасивни добивки, на пример, од игри на среќа. Сепак, морате внимателно да го планирате буџетот. Веројатно дури ќе успеете да исплатите стар долг кој ви претставувал голем товар долго време.

Мајмун

Кинески хороскоп

Веќе гледате кон иднината со поголем оптимизам? Ура! Токму тоа ќе ви го донесе претстојната година. Можностите ќе бидат насекаде околу вас, но не смеете да си дозволите одвлекување на вниманието за да не пропуштите нешто прекрасно што ви се случува пред носот.

Ќе сакате да бидете насекаде и со секого. За среќа, ако постои знак кој може да се справи со овие предизвици, тоа е вашиот. Но, тоа што сте способни на мултитаскинг не значи и дека можете да правите 10 работи истовремено. Морате да направите листа со нешта кои ви се најважни и да ја насочите целата енергија кон нив.

Годината на Стаорецот ве охрабрува да ги промените лошите навики со рутини кои ќе ви ја зголемуваат енергијата и ве прават поефикасни. Откријте каде можете да одделите време во вашиот распоред за физичка активност, како можете да внесувате повеќе хранливи материи кои ќе ве прават енергични, како да го намалите времето пред екраните... за да имате повеќе сила и време да го правите она што го сакате.

Промени во физичкиот изглед исто така ќе ви се случат во претстојните 12 месеци. Тоа е одлично за вас, бидејќи конечно ќе можете да ги направите посакуваните промени.

Љубов

Прекрасни случки кои никогаш нема да ги заборавите ќе ви донесе претстојната година. Среќата во љубовта ќе биде на ваша страна и единствените пречки кои ќе постојат пред вас ќе бидат оние кои самите ќе си ги поставувате. Зголемената самодоверба годинава несомнено ќе ви се одрази позитивно на љубовниот живот.

Соло претставниците на знакот Коза ќе бидат погодени од љубовните стрели на Купидон кога најмалку ќе го очекуваат тоа. Можно е да поминете покрај некого и одеднаш да не можете да престанете да мислите на него или пак можно е да ви светне дека посакувате врска со ваш пријател. Ќе раскрстите со минатото и ќе започнете да им го посакувате само најдоброто на вашите минати партнери, но ќе им дадете до знаење дека тоа не ве вклучува вас.

Ако сте веќе во врска, ќе бидете многу позрели и помудри во комуникацијата со партнерот. Детинестото однесување повеќе нема да го има и поради тоа многу проблеми ќе исчезнат од вашиот љубовен живот. Брачните партнери ќе бидат полни со разбирање еден за друг, па можат да очекуваат хармонична година. Ова е одлична година за планирање бременост или за раѓање бебе.

Вашата интуиција оваа година ќе биде најсилна кога се работи за вашето семејство и за вашиот дом. Ако некој внатрешен глас ви кажува дека нешто не е во ред во ваш близок, не го игнорирајте.

Ова е одлична година за раѓање дете и склучување брак.

Кариера и пари

Минатата година напорно работевте за да ги постигнете вашите цели, а 2020 година ќе ви биде како продолжение на неа.

Ќе заработувате како „луди“. Не само што ќе ви биде зголемена платата на вашето моментално работно место, туку и ќе имате можност да заработите од споредни проекти и ангажмани. Оние од вас кои нема да бидат задоволни со финансиите кои ги примаат, веројатно ќе решат да го променат работното место.

Сепак, внимавајте, во Годината на Стаорецот ќе морате напорно да работите за да го одржувате балансот меѓу личниот и професионалниот живот.

Петел

Кинески хороскоп

Годината на Стаорецот за вас ќе биде прекрасна – смирена и без никакви пречки на патот. Во изминатите години работевте посветено за се уверите дека ќе имате светла иднина, а сега е време да уживате во резултатите од вашиот труд.

2020 година ќе ви ги рашири хоризонтите и ќе ви покаже дека пред вас има море од можности. Морате да научите да ги избирате најдобрите за вас, бидејќи нема да можете да ги користите сите одеднаш.

Бестрашно ќе правите промени во надворешниот изглед и веројатно тие ќе бидат насочени кон внесување елемент на елеганција во вашиот стил.

Колку поголем оптимист сте, толку помалку стрес ќе си создавате во претстојната година.

Љубов

Добредојдовте во годината која ќе ви ја зголеми популарноста и ќе ве направи видени во вашето место на живеење. Ќе ви се чини дека секој ќе сака да украде делче од вашето време и нема да бидете далеку од вистината. Зачестете ги излегувањата, променете ја фотографијата на профилите на социјалните мрежи, направете ги промените во изгледот кои ќе ви ја зголемат самодовербата...

Во 2020 несомнено ќе пронајдете специјална личност која ќе ви ги симне ѕвездите, како што и заслужувате. Бројни можности ќе имате околу вас, па уживајте во додворувањата и љубовните состаноци. Можно е неочекувано за вас да се заинтересира некој кој сте го симпатизирале во минатото.

Ако сте во врска, ќе се радувате на мирен период со партнерот, но прво морате да научите како функционира другиот и што е она што го усреќува. Грижете се еден за друг. Се соочувате со недоразбирања во врската? Клучот кон хармонијата е во комуникацијата. Погледнете го партнерот в очи и започнете искрен разговор со него. Манипулациите и извртувањето на вистината не се добар начин за создавање доверба, па претпочитајте ја искреноста.

Ако сте сингл, ќе заведувате со вашата внимателност и грижливост. Ќе ги прифаќате луѓето онакви какви што се, па тие ќе се чувствуваат пријатно покрај вас.

Кариера и пари

Не, оваа година никако нема да сакате да се возите на задното седиште и да бидете пасивни набљудувачи на она што се случува на работа. Ќе сакате да бидете видени, ќе зборувате јасно и гласно за вашите брилијантни идеи, ќе преземате иницијативи и ќе бидете лидерот кој сите сакаат да го следат. Ова е година кога ќе се прикажете пред светот во моќна верзија и веројатно ќе изградите многу поголем авторитет.

Вашето присуство во медиумите и на социјалните мрежи ќе се зголеми исто така, а тоа ќе донесе и подобрување на вашиот имиџ. Ќе излезете од сенка и ќе сакате сите да ја видат неверојатната работа што ја работите.

Ако ви биде доделен нов проект, морате да го работите со голема посветеност и внимание. Уверете се дека вашите таленти доаѓаат до израз пред оние на вашите колеги. Некои од вас ќе пронајдат начин како да заработуваат од свое хоби.

Не, во Годината на Стаорецот не смеете да бидете мрзливи. Во изминатите години напорно работевте за да се уверите дека засадените семиња ќе го дадат потребниот род, но сега работете за да ги соберете плодовите. Не дозволувајте некој друг да ги собере пред вас. Зграпчете ги можностите за заработка кои ќе ги имате во изобилие.

Не се коцкајте!

Куче

Кинески хороскоп

Чекавте година која ќе ви ги нареди коцките во животот, која ќе ви покаже дека сè е во ред и дека вашите напори од изминатите две години не беа залудни? Еве ја, започнува сега. Годината на Стаорецот за вас е период кога ќе имате прекрасни можности да направите нешто ново на секое поле од животот. Промените доаѓаат, дочекајте ги подготвени.

Ова е година кога морате да се фокусирате на скриеното во вас, на чувствата кои ги потиснувате и на вашите несигурности. Запрашајте се што е она што ве спречува и потоа отстранете го. Престанете да се обвинувате за грешките од минатото и опростете си себеси.

Дружбите ќе бидат составен дел од вашето секојдневие и ќе му се радувате на богатиот друштвен живот. Сепак, потребно е и да поминувате повеќе време насамо, за да го слушнете внатрешниот глас и да си ги средите мислите. Потсвеста ќе ви испраќа важни пораки кои не треба да ги игнорирате.

Ако се соочувавте со здравствен проблем, очекувајте подобрување во претстојните месеци. Можни се проблеми со спиењето.

Љубов

Стаорецот и Кучето имаат добра врска и се привлекуваат, што значи дека во 2020 ќе привлекувате големо внимание кај претставниците на спротивниот пол и ќе имате многу нови додворувачи. Не се задоволувајте со првото „Те сакам“, почекајте, вашата сродна душа ќе се појави. Зачестете со излегувањата и бидете дел од големите забавни настани околу вас. Можно е да се заљубите на прв поглед.

Со партнерот ќе се чувствувате среќно и исполнето во Годината на Стаорецот. Нема да ви пречи да ги жртвувате вашите интереси за да ги следите неговите или да одделите од своето време за да му помогнете. Најубавото е што и тој ќе го прави истото за вас. Секогаш одделувајте си време за да седнете и да разговарате за она што ве мачи, за она што ве усреќува, за идеите, за плановите... Ова е одличен период за планирање дете и за проширување на семејството.

Непланирана бременост е возможна за родените во знакот Куче. Ако не сакате да имате дете, бидете внимателни.

Кариера и пари

Во 2020 година ќе воспоставите совршен баланс меѓу личниот и професионалниот живот, што е фантастично. Во работата ќе бидете перфекционист и таа ваша карактеристика ќе ви помогне да избегнете многу проблеми со кои ќе се соочат вашите колеги кои не биле толку многу внимателни.

Се сеќавате на оние проекти кои ви беа толку многу важни, но не можевте да ги реализирате во минатото? Е сега, дајте им шанса.

Доколку ви биде понудена нова работна позиција, прифатете ја без размислување. Промените ќе ви годат во претстојните 12 месеци и одлично ќе се адаптирате на нив. Сепак, одлуките ќе морате да ги носите брзо и нема да имате многу време за размислување. Во спротивно, може да ги пропуштите вашите шанси.

Кога станува збор за парите, во Годината на Стаорецот ќе умеете да ги намирисате најдобрите зделки и најдобрите шанси за да направите профит. И нема да ви пречи да прифатите дополнителни ангажмани за да си го зголемите богатството. Доколку имавте неисплатен долг, нема да треба повеќе да се грижите, бидејќи сега ќе успеете да вратите сè што сте должеле.

Свиња

Кинески хороскоп

2020 година ќе биде неверојатна за вас. Ќе работите напорно за да го добиете она што го сакате, но најубавото нешто е што и ќе го добивате.

Ослободете се од старите работи, од старата облека, од стариот начин на живот, од старите пријатели кои одамна не ви одговараат... Време е за нови и различни нешта. Најубавите можности ве чекаат надвор од вашата удобна зона.

Пријателствата ќе ви станат особено важни оваа година. Ќе имате многу можности да го зголемите кругот од пријатели и да изградите систем од поддршка кој ќе ви дава чувство на непобедливост. Кажете ѝ „Здраво“ на личноста покрај која тренирате во фитнес салата, не ја игнорирајте личноста која постојано се обидува да започне муабет со вас, одете на кафе со пријател од средно... Сите овие личности кои случајно или не ќе ги запознаете се важни во Годината на Стаорецот. Можно е некој од нив да ви понуди работа, да ве запознае со вашата сродна душа или да ве спои со моќна личност.

Љубов

Да, пред вас е година на можности на секое поле, па и во љубовта. Ако трагате по нова љубов, несомнено ќе ја пронајдете.

Некои родени во знакот Свиња ќе ја пронајдат својата сродна душа со помош на технологијата. Тоа може да биде преку апликација за онлајн состанување или преку социјалните мрежи. Освежете ги вашите профили со нови фотографии, споделете нешто што ќе ги истакне вашите интереси, комуницирајте со поширок круг на луѓе.

Паровите ќе имаат среќна година, иако таа нема да биде без предизвици. Годинава можна е појава на љубомора и посесивност, што ќе води до кавги и расправии. Можно е да се најдете во ситуација да треба да му опростите на партнерот за неговото минато или да се збогувате со него за да не дозволите сомнежите да ве „изгризат“. Најдобриот начин за да си ја подобрите врската е преку комуникацијата.

Планирате бременост? 2020 година ќе ви го оствари сонот да добиете свое дете. Ако веќе имате свои деца, неверојатно многу ќе се гордеете со нив како личности.

Кариера и пари

Креативноста ќе ви биде огромна, но морате да најдете начин да ја искористите за да напредувате. Ако вашето сегашно работно место не ви го овозможува тоа, можеби треба да размислите за промени. Ова е одлична година за вас ако сте артист или дизајнер.

Морате да бидете во чекор со технологијата оваа година. Ако гледате дека ваш конкурент ја користи како средство да ве надмине, подобрете ги вашите вештини и возвратете на ударот. Совладајте ги апликациите и програмите кои ви се потребни за да напредувате во вашата област на работење. Не мора да знаете сè, знајте го она што може да ве лансира нагоре во кариерата.

Ако планирате промена на работното место, ќе имате голема среќа и многу можности. Пред да аплицирате за ново работно место, направете анализа на вашите вештини за да знаете каде најдобро можете да се реализирате. Можно е да си купите автомобил или друго превозно средство годинава.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10506 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.