Почетна » Забава » Хороскоп » Вода, воздух, оган и земја: Девојка со шминка ги претстави и ги опиша хороскопските знаци според елементот

Вода, воздух, оган и земја: Девојка со шминка ги претстави и ги опиша хороскопските знаци според елементот

Откако нè одушеви со своите мејкап трансформации инспирирани од хороскопските знаци, артистката Сетерех Хосеини ги престави знаците од зодијакот во зависност од елементот кој се поврзува со нив.

Оган, вода, воздух и земја – погледнете како талентираната Канаѓанка ги оживеа и опиша четирите елементи и нивните карактеристики.

Воздушни знаци

Близнаци, Вага, Водолија

Хороскоп

Воздушните знаци живеат во сопствениот ум. Нивните мисли ги водат до нови висини каде ниту еден друг елемент не може да стигне. Како и воздухот, тие се непостојани и непредвидливи. Тие можат да предизвикаат жестока бура или да бидат смирени како летно ветренце.

Воздухот е елемент кој не може да се допре или да се види. Тој е слободен и не може да биде задржан, иако е најнеопходниот елемент. Тој нè потсетува дека постои многу повеќе на овој светот од она што можеме да го видиме.

Огнени знаци

Овен, Лав, Стрелец

Хороскоп

Огнените знаци се истовремено креативни и деструктивни. Поради нивниот брз ум, врелата крв и вулканскиот темперамент може за миг да разгорат со ентузијазмот, но и да се оладат со истата брзина.

За разлика од останатите елементи, физичката форма на огнот може да се појави само со консумирање на друг елемент. Тој е трансформатор, кој ја претвора енергијата на другите објекти во различни форми: топлина, светлина, пепел и чад.

Тој е сметан за силата која гори внатре во нас, давајќи ни железна волја да трчаме кон нашите цели. На крајот на краиштата, најмоќното оружје на планетата е човечка душа која гори.

Водни знаци

Рак, Шкорпија, Риби

Хороскоп

Водните знаци се насочени кон промени. Од течна до цврста состојба, па до пареа, водата е олицетворение на метаморфоза. Таа е клучна за нашето постоење и без неа ништо не може да живее. Таа е променлива, смирена како морето или силна како поројните дождови, па емоциите кои ги носи овој елемент се навистина во изобилие.

Водните знаци се интуитивни, мистериозни и полни со емпатија и љубов. Тие сфаќаат дека интензивните емоции имаат огромна моќ и дека тие се длабоки како река. Водата е бескрајна, луѓето доаѓаат и си одат, но водата ќе тече засекогаш.

Земјени знаци

Бик, Девица, Јарец

Хороскоп

Земјените знаци се сензуалисти. Нив им треба силен сензуален поттик за да можат да го искусат секој дел од животот до максимум. Како земјата, тие се цврсти, богати, страсни и зависни. Секогаш стојат со нозете цврсто на земјата и поседуваат дарба да ги сместуваат соништата во реалноста.

Тие знаат дека убавината на светот е во деталите. Земјата е стабилен и хранлив елемент. Во нејзината плодна почва ние садиме храна која ни овозможува живот, а на нејзината површина ги живееме нашите животи. Таа е центарот, основата и мајката на сè.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.