Почетна » Диети и фитнес » Фитнес видеа » ВИДЕО: Интензивен 40-минутен тренинг од холивудска фитнес инструкторка од кој сигурно ќе се препотите

ВИДЕО: Интензивен 40-минутен тренинг од холивудска фитнес инструкторка од кој сигурно ќе се препотите

Кардио тренинзите имаат позитивно влијание на нашето целокупно здравје и на изгледот на телото. Тие не само што ни помагаат да согориме масни наслаги и да одржуваме кондиција, туку и го одржуваат нашето срце здраво, ни ги зајакнуваат коските, ни помагаат да се ослободиме од стресот и ги намалуваат шансите за ментални болести.

Најубавото од сè е што можеме да ги правиме дома, без да поседуваме некаква специјална опрема, целосно се бесплатни и достапни. Потребно е само да ја имате неопходната мотивација.

За тоа се грижи холивудската инструкторка Џанет Џенкинс, која тренира бројни славни личности.

Џенкинс нуди интензивни кардио тренинзи кои можете да ги правите дома за да го зацврстите и тонирате целото тело. Ви предлагаме испробан 40-минутен кардио тренинг со висок интензитет кој можете да го правите во дневната соба, а од кој сигурно ќе се препотите и ќе ги намалите мастите.

Џанет Џенкинс Џанет Џенкинс Џанет Џенкинс Џанет Џенкинс Џанет Џенкинс Џанет Џенкинс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10618 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.