Почетна » Рецепти » Ваши рецепти » „Пијан“ сладолед од кокос во домашни корнети

„Пијан“ сладолед од кокос во домашни корнети

Домашните сладоледи се идеален летен десерт, а кога се послужени во домашни корнети, се неодолив деликатес.

Сладолед

Состојки за сладоледот

500 млслатка павлака
500 мловошен јогурт
8 големи лажиципунч од кокос
кокосови трошки
шеќер (по желба)

Подготовка на сладоледот

  1. Изматете ја слатката павлака, а потоа додајте го прво јогуртот, па пунчот.
  2. Во смесата ставете ги и кокосовите трошки и измешајте со лажица.
  3. Можете воопшто да не употребите шеќер, но ако сакате посладок сладолед, додајте шеќер по вкус.

Состојки за корнетите

1 шолјашеќер во прав
5 големи лажиципутер
2белки од јајца
1 мала лажичкаекстракт од ванила
½ шолјабрашно

Подготовка на корнетите

  1. Изматете го шеќерот со путерот. Додајте ги белките, па брашното и екстрактот од ванила. Добро изматете.
  2. Во плех за печење ставете со лажица од смесата на неколку места и измазнете за да добиете кругови. Внимавајте да не ги поставувате премногу блиску еден до друг за да не се залепат. (Со набројаните состојки излегуваат 10 корнети, најдобро е да ги печете на два пати, по пет во плех.)
  3. Печете 5 минути на температура од 175°С, односно додека не заруменат. Во овој момент изгледаат како мали палачинки.
  4. Откако ќе фатат малку кора на краевите, реагирајте брзо – Со шпатула вадете ги и ставајте ги во мали длабоки садови за да добијат форма. Штом ќе се зацврстат, извадете ги од садовите и во нив ставете од сладоледот. Декорирајте по желба.
Сладолед

Рецептот е на форумџиката @AnaKarenina, која доби најмногу гласови во кулинарскиот натпревар „Фемина готвач – Тема: Домашен сладолед“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11092 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.