Оваа среда, 11 јуни започнува најновата кампања на Перутнина Птуј наречена „Поблиску до природата“, во која во фокус ја става линијата Fresh Chicken Natur, потенцирајќи ја природата на одгледувањето, одговорноста и автентичниот вкус.
Оваа линија става акцент на производството на пилешко месо во локални фармишто е веднаш спакувано. На овој начин Перутнина Птуј Natur станува сигурен избор за оние семејства кои го ставаат на прво место квалитетот, транспарентноста и врската со природата.

„Преку кампањата 'Поблиску до природата', ги повикуваме семејствата повторно да се поврзат со храната што навистина значи нешто – природа, здравје и дом,“ изјави Никола Марковски, Генерален Директород Перутнина Птуј Македонија. „Нашата линија Natur не е само производ – туку ветување.“
Основата на работните принципи на Перутнина Птуј се темели врз три основни вредности:
Природа
Перутнина Птуј Natur ги почитува највисоките стандарди на соработка со природата. Секој чекор – од одгледувањето на фармите до пакувањето – е направен со почит кон животната средина и со верба дека природата е и извор и стандард.
Здравје
Fresh Chicken Natur се производи кои стигнуваат до потрошувачите без непотребни додатоци, целосно безбедни, поддржувајќи го активниот и балансиран начин на живот и сесекогаш во хармонија со природата.
Семејство
Во Перутнина Птуј веруваат дека храната е основниот двигател кој ги поврзува луѓето, асемејниот оброк е повеќе од храна – тоа е момент на блискост. Линијата Natur го поддржува ова верување, нудејќи оброци во кои може сите заедно да уживаат.