Почетна » Новости » Промо » Новогодишно изненадување од А1 Македонија

Новогодишно изненадување од А1 Македонија

  • неверојатни 50GB мобилен интернет за корисниците на А1 Neo M+
  • ексклузивни смарт телефони по најповолни услови
  • 20.000 денари попуство А1 Combo за било кој тип уред со фиксен пакет A1 Net M + TV M и две мобилни линии A1 Neo M+

Во пресрет на новогодишните празници, кои оваа година се поинакви од секоја досега, А1 Македонија со големо задоволство ја најавува најновата промоција за корисниците во сите сегменти, специјално креирана да одговори на корисничките потреби на целото семејство, деловните субјекти и секој поединец, за зголемено количество мобилен интернет, ексклузивни смарт телефони и дигитални уреди кои го олеснуваат секојдневието.

А1 Македонија

„Новата 2021 година ќе ја дочекаме на невообичаен начин, но тоа е повод плус да бидеме покреативни и да најдеме нови модели на забава за силно да посакаме здравје, среќа и радост во сите семејства. Со искрени желби да придонесеме за празничната атмосфера, креиравме специјална промоција со која корисниците добиваат можност да ја дочекаат новата година со уште повеќе комуникација, можност да добијат атрактивни смартфони и уреди по најповолни услови, со многу повеќе содржини и услуги кои овозможуваат премиум корисничко искуство”, изјави Елена Панова, директорка на продажба маркетинг за приватни корисници од А1 Македонија.

Со новогодишната промоција на А1, корисниците кои ќе склучат нов договор или ќе направат обнова на тарифниот модел А1 Neo M+ добиваат неверојатни 50GB мобилен интернет како и можност да изберат смарт телефон Samsung Galaxy A21 по цена од 169 денари месечно или Samsung Galaxy A31 по супер цена од 399 денари месечно, кој е ексклузивно достапен во продажната мрежа на А1 Македонија. Дополнително, корисниците ја добиваат опцијата за замена на неискористените гигабајти сочувани во А1 Net Sef за други услуги.

А1 Македонија подготви новогодишно изненадување и за корисниците на А1 Combo со кое, покрај можноста да ги комбинираат своите услуги и да заштедат, овозможува зголемен попуст за набавка на било кој тип на уред. Така, овие празници, покрај смарт телефон, корисниците ќе можат да изберат од богатата понуда на телевизори, лаптоп, таблети, итн. Попуст од 20 илјади денари добиваат корисниците кои ќе склучат договор на најпродаваната комбинација од фиксен пакет A1 Net M + TV M и две мобилни линии A1 Neo M+.

А1 Македонија

Новогодишната понуда на А1 Македонија е доказ повеќе за посветеноста на компанијата на креирање производи и услуги кои ги пресретнуваат потребите на дигиталното секојдневие, кои носат уште повеќе комуникација и богати содржини за целото семејство и секој модерен деловен субјект.

Повеќе детали за понудата можете да најдете на www.A1.mk

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9512 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.