Почетна » Новости » Промо » Македонската ИТ компанија Интерворкс ДООЕЛ се ребрендира во ⋮IWConnect

Македонската ИТ компанија Интерворкс ДООЕЛ се ребрендира во ⋮IWConnect

Нов идентитет – иста мисија и визија. Со фокус кон иднината, но не заборавајќи ја традицијата, Интерворкс се ребрендира и го промени името во ⋮IWConnect.

Интерворкс, глобална, мултидисциплинарна ИТ компанија фокусирана на интеграција, дигитализација, менаџирање на податоци, анализа, инфраструктура, и создавање на дигитални оптимизирани технолошки решенија (Digitally Optimized Technology Solutions – DOTS), од денес се ребрендира и го промени името во ⋮IWConnect. Новото име на брендот, како и логото го означува брзиот раст на компанијата, и подобро ги опишува компетентноста, знаењето, начинот на работа, и искуството кои Интерворкс ги има.

IWConnec

Сопственикот на Интерворкс, сега ⋮IWConnect, Александар Мемца изјави: Новото име ја претставува иднината на дигиталното поврзување и начинот на кој ние функционираме, не само интерно во рамките на компанијата, туку и екстерно со нашите клиенти. Интерно, го поврзуваме нашето знаење со нашите вештини и искуство и креираме иновативни решенија со цел да им овозможиме на нашите клиенти постојан раст и развој. Покрај тоа, се поврзуваме и на едно повисоко ниво, како пријатели и семејство. Истото се однесува и на нашите клиенти, односот кој што го воспоставуваме со нив е многу подлабок, не е на ниво клиент и давател на услуга, туку развиваме однос на долгогодишни пријатели и партнери. Она што би сакал да го истакнам е дека нашето правно име останува исто – Интерворкс, тоа што се менува е всушност името на нашиот бренд и дека со оваа промена означуваме почеток на еден нов, уште подобар и поубав период во нашата компанија кој со нетрпение го очекуваме.

Видео од директното обраќање на Александар Мемца, сопственик на ⋮IWConnect:

Од денот на основањето во 2004 па сè до денес, Интерворкс, сега ⋮IWConnect, е посветена на континуирано создавање на иновативни решенија и вредност за своите клиенти правејќи ги поконкурентни на пазарот. И покрај тоа што 2020 беше крајно непредвидлива година, таа донесе голем број на промени за ⋮IWConnect – започнувајќи со отворањето на канцеларијата во Амстердам, Холандија; партнерството со T–Systems Netherlands, ќерка-компанија на германскиот телекомуникациски гигант Deutche Telekom; отворањето на канцеларија во Хјустон, Тексас; клучни промени во организациската структура и воведувањето на бизнис оддели во рамките на компанијата, па сè до ребрендирањето и промената на името во ⋮IWConnect.

Повеќе информации за ⋮IWConnectможете да најдете на www.iwconnect.com.

IWConnec

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11101 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.