Почетна » Новости » Промо » Излечете го скршеното срце со стил: Swatch со забавна колекција за Денот на вљубените

Излечете го скршеното срце со стил: Swatch со забавна колекција за Денот на вљубените

Времето се сведува на тоа како ќе го искористите. Многумина веруваат дека токму времето има моќ да излечи скршено срце. Затоа, за претстојниот Ден на вљубените, брендот Swatch ги става на пиедестал сите со статус „сингл“ и љубовни циници со нова колекција и кампања базирана на свеж и поразличен поглед на најважниот ден во годината кога станува збор за љубовта.

Наместо вообичаени романтични пораки, четири Swatch часовници го комуницираат спротивното. Секој од нив раскажува приказна за скршено срце со совршен комички тајминг, зачинета со стил и доза сарказам што делува речиси терапевтски за лицата кои не се во врска.

Swatch

P(E/A)NSE-MOI

Специјалната едиција P(E/A)NSE-MOI има црвено ремче со добро познатиот симбол на срце аплициран на задната страна. Но, тоа не е сè. Часовникот доаѓа заедно со кутија за прва помош, во која има и фластери за лекување на „пукнатините“ на скршеното срце!

Swatch Swatch Swatch Swatch

HATE 2 LOVE

HATE 2 LOVE има повеќе лица и е емотивен ролеркостер. Во текот на денот, црниот дисплеј покажува фраза која се асоцира со невозвратена љубов „I hate to love you“ (Мразам да те сакам). Но, откако ќе падне ноќта, започнуваат да светат зборовите „I love you“ (Те сакам). Звучи познато?

Swatch Swatch

BEATING LOVE/BEATING PINK

Има нешто привлечно во стилот на 70-тите што придонесува секогаш да се во мода, а љубовта на Swatch за сè што е ретро никогаш не пропушта ниту едно отчукување. И BEATING LOVE и BEATING PINK го отсликуваат ретро стилот со линии во боите на виножитото кои го следат пулсот на оној што ги носи по должината на белото ремче до срцевидната форма во центарот.

Swatch Swatch Swatch Swatch

На овој Св. Валентин, благодарение на Swatch ќе заплачеме... од смеење. Немате испланиран љубовен состанок? Не паничете. Швајцарскиот бренд има решение. Елена Габриел ќе го емитува премиерно своето ново комично шоу на Swatches IGTV и YouTube в недела, 14 февруари во 20 часот по средноевропско време. Австралиската комичарка, говорничка на TEDx и талентот зад YouTube видеото „How to date a French guy“ кое има 2,8 милиони прегледувања, ќе ги насмее дури и оние чие срце е најсилно скршено.

Божиновски часовници и накит е официјален застапник за Swatch на македонскиот пазар.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11287 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.