Почетна » Новости » Промо » Голема наградна игра на Веро - пежо 208 за најсреќниот потрошувач

Голема наградна игра на Веро - пежо 208 за најсреќниот потрошувач

Веро организира голема наградна игра со многу вредни награди за своите потрошувачи во која најсреќните двајца ќе освојат автомобил „пежо 208“ и скутер Hamachi il bello 50. Наградната игра „Веро ве изненадува и со пежо ве наградува“почнува од утре (15 јуни) и ќе трае до 31 јули, а во неа може да учествуваат сите потрошувачи на Веро кои направиле сметка поголема од 300 денари купувајќи од промотивните производи во маркетите. Покрај двете главни награди, Веро секоја недела ќе доделува и тротинет, велосипеди, вредни часовници и голем број вредносни ваучери.

веро

За секоја сметка над 300 денари од означените промотивни производи, потрошувачите добиваат купон за учество во наградната игра. Купоните се пополнуваат со лични податоци и се оставаат во специјално означени кутии поставени во секој Веро маркет, со што учествуваат во извлекувањето за неделните награди.Секоја недела Веро ќе доделува по еден тротинет, два велосипеда, 5 часовници Casioи по пет вредносни ваучери од 1.000 и 2.000 денари. Сите неизвлечени купони учествуваат воизвлекувањето за двете главни награди што ќе се одржи на 1 август.

- Наградната игра ja организираме за да им се заблагодариме на потрошувачите задолгогодишната доверба и лојалност кон Веро. Нашите потрошувачи имаат изострен вкус и секогаш го очекуваат најдоброто, така што се потрудивме со богатиот фонд на награди да ги исполниме нивните очекувања. Им посакуваме среќа на сите учесници во наградната игра – велат од менаџментот на Веро.

Неделните извлекувања на наградите ќе се одржат на 27 јуни, 4 јули, 11 јули, 18 јули и 25 јули. Имињата на добитниците на неделните награди, како и на добитниците на двете главни награди ќе бидат објавени на интернет-страницата на Веро www.vero.com.mk . Наградите ќе може да се подигнат само со приложување на фискалната сметка со која потрошувачите учествувале во наградната игра.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10600 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.