Почетна » Новости » Промо » Во време на пандемија, кината се побезбедни од канцелариите

Во време на пандемија, кината се побезбедни од канцелариите

Водечкиот онлајн-блог посветен на глобалното работење на кино-индустријата и филмската индустрија, Celluloid Junkie, објави анализа која укажува дека во време на пандемија на вирусот КОВИД-19, кината се покажале како најбезбедно место во овој момент.

Опсежната студија која ја спроведе Celluloid Junkie, со активно следење на пандемијата, открила дека ниедно избивање на зараза на КОВИД-19 никаде во светот може да се поврзе со кино-салите или местата со јавни проекции. Како што 95% од кината во светот затворија во првата половина на 2020-та година и како што државните и здравствени институции предупредуваа на заканата која ја претставуваа затворените простори, така истражувачите од блогот на Celluloid Junkie се запрашале дали постојат примери било каде во светот, кои укажуваат дека кината се места за ширење на заразата на КОВИД-19.

Пратејќи го разорниот ефект кој пандемијата на корона вирусот го имаше на светската филмска и кино индустрија, и на другите аспекти од животот, како и од моментот кога се затворени првите кино-сали во Кина, блогот на СЈ, будно и внимателно ги следеше сите новости на тема КОВИД-19, на сите континенти, земји и јазици. Иако е невозможно дефинитивно да се докаже сѐ, тие, со сигурност тврдат дека до денес, ниедно избивање на зараза или пренос на вируост, не може да се припише на кино-салите.Пренесуваме дел од методологијата и заклучоците на ова истражување, а целиот текст е достапен на нивниот сајт Celluloid Junkie.

кино

Некои кино-сали беа принудени да затворат заради недостаток од премиера на холивудски блокбастери, некои и заради мерките на владите во своите држави. Во Македонија, кината добија дозвола за работа почнувајќи од 24.09.2020, под посебни протоколи донесени од Владата и Комисијата за заразни болести. Потсетуваме дека на некои пазари, кината штотуку почнаа со работа, а има и земји каде кината сѐ уште не се отворени, заради забраните за јавни собири.

Научните причини за ограничувањето на бројот на луѓе во затворена просторија се базира на тоа дека SARS-CoV-2 вирусот се пренесува примарно преку аеросоли(кивање, кашлање, дишење) отколку преку допир. Спротивно на тоа, во некои држави некои видови на собирање на затворен простор беше дозволено, додека други пак беа забранети. Њујорк е пример на град во кој беа дозволени посети на цркви и куглани, додека пак одење во кино беше забрането. Одлуката дали кината ќе се отворат или не, често зависи од политиката, а не од науката. Потребно е да се нагласи дека во минатото, кино-салите ниту еднаш не беа поврзани со инциденти на создавање нови жаришта на вирусот, нешто што не може да се каже за црквите, рестораните, ноќните клубови, баровите, па дури и Белата куќа.

Истражувајќи дали кината се извор на зараза или ширење на вирусот КОВИД-19, блогот на СЈ користел палета на различни алатки, меѓу кои и комуникација со преку 1000 кино-ланци, и постојан контакт со сите национални и глобални здруженија, асоцијации и федерации на кино-прикажувачи.

Студиите потврдуваат дека немало пренос во земјите во кои кината никогаш не беа затворени

Иако повеќе од 90% од кината во светот не работеа во текот на првата половина на 2020та година и во текот на првиот бран на вирусот, сепак некои држави одлучија да ги остават кино-салите отворени. Ниедна од тие држави не го избегна ширењето на вирусот во границите на својата држава, но сепак во најголемиот дел, успешно се справија и ја контролираа ситуацијата.

Уште една студија спроведена во Берлин, покажа дека ако во кино ги дишиме само издишените аеросоли, дури и во случај на екстремно долг филм, сѐ уште можноста да се зарази некој е далеку помала, споредено со канцеларија во која активно се збори. Студијата исто така укажува дека ова е поврзано и со видот на вентилација кој е присутен во кино-салите.

Важно е да се напомене дека иако кината претставуваат релативно низок ризик за пренос на вирусот, не е исто како и да тврдиме дека ризикот воопшто не постои. Меѓутоа, луѓето не престанаа да одат во супермаркети или да користат јавен превоз, иако овие два примери претставуваат висок ризик за пренос на вирусот.

Др. Џојс Санчез, специјалист за инфективни болести од медицинскиот колеџ Висконсин, напоменува во својата студија дека не постои ниедна литература било каде во светот која покажува дека кината се места за вирална трансмисија. Ниту два месеци по нејзиното објавување, ситуацијата не се променила. Др. Роберт Лахита, професор по медицина на медицинскиот колеџ во Њујорк, изјавува дека смета дека сме дури 95% безбедни во кината, кои ги почитуваат сите епидемиолошки мерки.

Во Македонија, кината работат со посебни мерки донесени од Комисијата за заразни болести и Владата, кои вклучуваат:

  • работење со 30% од капацитетот на салите
  • физичка дистанца меѓу седишта од 1,5 м
  • купување билети онлајн каде е можно, а таму каде што не е, обезбедена дистанца меѓу посетителите при купување билети во кино
  • евидентирање на посетителите со лични податоци при купување билети
  • носење на заштитна маска во текот на целата посета во киното
  • редовно дезинфицирање во тоалетите, салите и фоајето на киното

Секако, оставаме на поединци дали ќе го посетат киното или не, но пораката на ова истражување е дека кината, во овој момент, се најбезбедни затворени места, доколку секој ги почитува пропишаните протоколи. Од почетокот на пандемијата, па до денес, има преку 100 милиони посети на кината ширум светот, и во ниедно од нив, не е забележано ширење или заразување на вирусот Ковид-19.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10611 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.