Почетна » Новости » Промо » ICE POWER – Финско решение број еден за болки

ICE POWER – Финско решение број еден за болки

FYSIOLINE е светски реномиран производител на фармацевтски производи, ортопедски помагала и опрема за фитнес и рехабилитација, којшто ја претставува револуционерната палета на производи ICE POWER.

Носејќи ја свежината од северот, ICE POWER е оригинална, проверена, сигурна и едноставна ладна терапија за болки и воспаленија во мускулите и зглобовите, достапна во над 50 држави низ светот.

ICE POWER

Со богат природен состав, брз ефект и продолжена делотворност ICE POWER производите ги смируваат воспаленијата, ги намалуваат и спречуваат отоците, ја подобруваат циркулацијата на крвта, притоа ефикасно отстранувајќи ја болката кај возрасни, деца, бремени жени и доилки. Како прва помош при спортски повреди, ладната терапија ја зголемува подвижноста на зглобовите, ги опушта мускулите, забрзувајќи го процесот на нивно опоравување.

ICE POWER палетата на производи е клинички тестирана, а нејзината делотворност е потврдена во бројни научни студии.

ICE POWER

ICE POWER COLD CREAM за масажа, со ефект на ладење и обезболување на местото на болката или повредата. Наменета е за терапија на болки при вкочанетост во вратот, рамениот предел, половината- односно, при сите состохби на вкочанетост, истегнување, спортски повреди (вклучително и вкочанетост од *промаја*).

Кремата се нанесува со блага масажа, дејството (ефектот на ладење, односно обезболување) настапува за помалку од 5 минути а трае неколку часа.

По нанесување, ICE POWER COLD CREAM кремата, не остава маслен филм на кожата, односно за кратко време целосно се ресорбира.

ICE POWER

ICE POWER PLUS ладниот гел дополнет со MSM (Methylsulfonylmethane) преку намалување на температурата на меките ткива, чувствителноста на периферните нерви и мускулната напнатост, придонесува за брзо и делотворно смалување и ослободување на болката, воспаленијата и отоците на мускулите и зглобовите.

Наменет за употреба при продолжена болка, прекумерен физички напор, притисок и тегоби во мускулите, како и при третман на зглобовите од артритис, артроза и теносиновитис.

ICE POWER PLUS не се препорачува за деца и бремени жени.

ICE POWER

ICE POWER COLD GEL е оригинален, проверен и сигурен ладен гел којшто помага за брзо и ефикасно отстранување на болката и воспаленијата.

Благодарение на ладниот ефект од природниот состав богат со ментол, етанол и етерични масла се намалува температурата на површината на кожата за 5 до 7 степени што овозможува смалување на отоците, ослободување на мускулната напнатост и забрзување на процесот на опоравување од повреди.

ICE POWER COLD GEL е безбеден и за долготрајна употреба кај деца, бремени жени, доилки и возрасни лица при истегнувања, изместувања, спортски повреди, модринки, болки во вратот, рамениот појас, грбот и крстот, ревматски болки, болки при растење, мускулни тегоби, артрози, рахитис и скршеници.

ICE POWER

ICE POWER HOT WARM GEL е делотворен топол гел којшто загревајќи и опуштајќи ги мускулите и подобрувајќи ја циркулацијата помага при нарушувања на периферната циркулација, разни видови на болки, напнатости и воспаленија.

Топлиот гел е одличен производ за спортистите, превенирајќи истегнувања на мускулите и кинење на лигаментите.

ICE POWER HOT WARM GEL се нанесува со масажа и го загрева третираното место до еден час.

Ice Power Magnesium IN Strong Cream е специјална крема која во себе содржи магнезиум сулфат. Во тој облик, магнезиумот лесно се впива во кожата, а кремот едноставно може да се измие. При нанесување, ќе почувствувате ладно чувство.

ICE POWER

ICE POWER COLD SPRAY е ефективна прва помош при повредите на мекото ткиво, како изместување, истегнување и рептура на мускулите и лигаментите, како и при помали изгореници.

Дејството на ICE POWER COLD SPRAY започнува веднаш и трае околу 15 минути, за потоа третманот да продолжи со ICE POWER COLD GEL.

ICE POWER ARTHRO CREME е специјален ладен крем којшто проверено и ефикасно помага при проблеми со зглобовите, намалувајќи ги болката, воспаленијата и отоците на истите, но зголемувајќи ја нивната подвижност.

Делувајќи при различни болки во зглобовите, ефектот на ладење на ICE POWER ARTHRO CREME е проследен со делотворност на глукозамин, хондроитин и MSM, коишто се особено важни за одржување на функционалноста на зглобовите.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11213 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.