Почетна » Новости » Промо » dm drogerie markt: Успешно и стабилно работење и покрај предизвикувачките околности!

dm drogerie markt: Успешно и стабилно работење и покрај предизвикувачките околности!

  • Остварен промет во С. Македонија од речиси 1.1 милијарда МКД, што претставува раст од 16,5 отсто, додека на ниво на целата групација во Европа, dm оствари промет од 11.5 милијарди евра;
  • 18 продажни објекти во 7 градови;
  • Најголем понудувач на сопствени трговски брендови во С. Македонија со понуда од речиси 4.000 производи;
  • Единствена компанија која целосно ги повлече пластичните кеси од употреба, со што го потврдува високото ниво на општествено одговорно работење со акцент на екологија;
  • Слоганот на компанијата „Заедно, едни за други“доби додатно значење во 2020 година низ различни видови на поддршка, како и Ковидбонус од 9.000 денари за секој вработен.

Прилагодувајќи се на предизвикувачките околности во кои се најде целата глобална заедница, компанијата dm drogerie markt успешно ја заокружи седмата година од работењето на нашиот пазар со забележан раст од 16,5 отсто и остварен промет од речиси 1.1 милијарди денари. Во деловната 2019/20 година (01.10.2019 - 30.09.2020) најголемиот дрогериски ланец во Европа ја зацврсти својата позицијата на стабилна, успешна и одговорна компанија.

Во текот на оваа деловна година dm инвестираше повеќе од 45милиони денари, насочени кон отворање на нови објекти во Скопје и Струмица како и модернизација и проширување на веќе постоечки продажни објекти.

На ниво на цела групација, dm drogerie markt оствари промет од 11.5 милијарди евра. dm drogerie markt e присутен во 13 европски земји со мрежа од 3.765 продажни објекти и повеќе од 62.200 вработени.

dm

„Приспособувајќи се од ден на ден на изменетите услови за работа, успеавме, со запазување на сите пропишани заштитни мерки, да ги задржиме dm дрогериите како сигурно место за работа и пазарување, како за нашите купувачи, така и за нашите вработени. Соочени со можеби најпредизвикувачката година до сега, успеавме да докажеме дека можеме да ја задржиме стабилноста во работењето дури и во најнепредвидливите околности. Со брзи и навремени реакции успеавме да одговориме на сите предизвици со кои бевме соочени, а со тоа и успешно да одговориме на сите потреби на нашите купувачи и вработени. Како компанија, должни сме да им искажеме голема благодарност на сите наши вработени, кои со својата извонредна посветеност и пожртвуваност, придонесоа и оваа деловна година да оствариме двоцифрен развој на прометот. За овој деловен успех, посебно сме им благодарни токму на нив.“, изјави Весна Стојановиќ, директор на dm во Србија и С. Македонија.

Со асортиман од речиси 14 000 производи, dmдрогериите важат за место за купување сè на едно место, почнувајќи од сегментот убавина, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, лична хигиена, па сè до производи за нега на бебиња, домаќинството и дезинфекција. И покрај вонредната ситуација во земјата, dm ги вложи сите напори за обезбедување стабилна понуда на производите кои бележеа зголемена побарувачка, како и проширување на понудата на средства за лична и дезинфекција во домот и заштитни маски. Асортиманската понуда е богата и со над 450 производи,кои се ексклузивно достапни во нашата земја само на полиците во дрогериите на dm. Со унапредување на понудата на јапонска и корејска козметика значајно е збогатен и сегментот за нега и убавина. Исто така во текот на оваа година, dm продолжи и понатаму да ги поддржува и да ја проширува понудата на производи од домашно производство, па во моментов на купувачите им нуди повеќе од 450 производи од сите категории.

dm е најголем понудувач на сопствени трговски брендови на македонскиот пазар со понуда од речиси 4.000 производи. Добро познатите брендови на dm - Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit и други, гарантираат идентичен квалитет на производите во сите 13 земји во кои работи компанијата. Со понуда од над 300 производи во рамките на сопствената трговска марка за органска храна - dmBio, dm претставува најголем понудувач на органска храна на нашиот пазар, а од дрогерискиот ланец им порачуваат на купувачите дека преку овој бренд им е ставен на располагање органски квалитет по супер цени.

dm оваа година ги одбележува и јубилеите на најпрепознатливите сопствени трговски марки. Брендот Denkmit,кој ги освои домаќинствата и во нашата земја, го прославува својот 30ти роденден, додека најпрепознатливиот бренд Balea, козметика за комплетна нега на тело, коса и лице како и Dontodent , бренд за одржување на орална хигиена, се присутни и прославуваат 25 години на европскиот пазар.

И оваа година, dmтрадиционално ja спроведе онлајн анкетата за задоволство на купувачите, на која одговорија речиси 9.000 испитаници. Дека купувачите ги вреднуваат напорите кои dm како компанија ги вложува за да им обезбеди задоволување на сите нивни потреби, говори високиот процент на испитаници кои велат дека токму dm е нивното место за купување „сѐ на едно место“. Најголем број од нив со највисока оцена ја оценија асортиманската понуда на dm, а речиси 90 проценти од испитаниците би го препорачале dm на своите роднини и пријатели.

dm

Водејќи се од целите за одржлив развој, dm во својата понуда има повеќе од 1.000 производи, кои претставуваат соодветна еколошка алтернатива за производите кои секојдневно ги употребуваме, како органска храна, сертифицирана природна козметика и еколошки производи за домаќинство.

Познато е дека dm како компанија е прва и единствена компанија на нашиот пазар која во целост ги повлече од употреба пластичните кеси, нудејќи им на своите купувачи еколошки алтернативи, како хартиени кеси, повеќекратни торби и торби од 100% органски памук. Компанијата продолжува со кампањата „Трајна торба за цел живот”, преку која нуди бесплатна замена на секоја оштетена памучна торба купена во некоја од dm дрогериите. Својата еколошка свест компанијата ја потврди и со отпочнување на употреба на FSC сертифицирана хартија за сите печатени рекламни материјали, со која се гарантира рационално користењена суровините и избегнување на неконтролирано сечење на шумите согласно важечките еколошки и социјални стандарди во светот.

Наспроти трендот од САД за обезбедување попусти за Black Friday, dm на 29 ноември 2019 година, под слоганот „ Giving is the new black”, ги замени попустите со донација во Клиничкиот центар во Штип и вложи 300.000,00 денари за обнова на апарати потребни во болницата. И во оваа деловна година dm ја продолжи традицијата за одделување хуманитарен час на секое ново отворање или ре-отворање на продажен објект, а на овој начин се донирани повеќе од 500.000,00 денари, наменети за различни здравствени и општествено корисни институции.

На полето на човечките ресурси, слоганот „Заедно, едни за други“ доби додатно значење во изминатата 2020 година. Покрај тоа што компанијата продолжи да го развива потенцијалот на вработените, на листата на приоритети водечки императив стана здравствената заштита на целиот колектив и обезбедување на безбедни услови за работа.

Принципот „Компаниите постојат поради луѓето, а не обратно“, за вработените во компанијата dm значи низа придобивки. 14 плати во текот на годината, различни модалитети на работа, активности насочени кон зачувување и подобрување на здравјето, семинари и едукации, како и бесплатни систематски прегледи се само дел од бенефитите кои се овозможени за тимот на dm.И покрај 14 редовни плати во текот на годината, компанијата на сите вработени им исплати дополнителен Ковид-бонус во износ од 9.000 денари како благодарност за дополнителната посветеност и придонес за време на пандемијата предизвикана од корона вирусот. На овој начин, dm дополнително вложи повеќе од 2.1 милион денари за поддршка на вработените.Благодарение на најсовремените системи за дигитално работење и напредна инфраструктура, обезбедено е брзо и флексибилно реорганизирање на работата за голем број вработени кои работат од дома.

Како компанија која активно вложува во човековите ресурси и настојува на своите купувачи да им обезбеди што подобро доживување при пазарувањето, dm на сите вработени во продажните објекти им обезбеди смарт телефони со кои се унапредени и дигитализирани секојдневните процеси на работење во продажните објекти и процесот на советување на купувачите.

Во оваа деловна година, dm го започна и проектот Амбасадори на здравје за вработените во филијалите, со цел зачувување и заштита на кичмениот столб за време на извршување на физички работи и советување на вработените за водење здрав живот.

Уште од далечната 1973 година, кога е основана, компанијата dm drogerie markt има еден принцип: „Човекот во центар на работењето”. Без разлика дали е во прашање вработен или купувач, до ден денеска оваа водилка е непроменета, поради што dm ќе остане силна поддршка во заедницата, на патот кон поубава и поквалитетна иднина за сите нас.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9527 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.