Почетна » Новости » Промо » AVON ја лансира Distillery, колекција која ја застапува чистата убавина без компромиси

AVON ја лансира Distillery, колекција која ја застапува чистата убавина без компромиси

ЧИСТИ ФОРМУЛИ - МОЌНИ РЕЗУЛТАТИ!

Новата линија за нега на кожа е составена од 5 производи кои комбинираат високо-квалитетни вегански состојки со прекрасна текстура спакувани во еко-амбалажа и носат во себе етички предзнак.

Слушајќи го гласот на бројните добро информирани и општествено одговорни потрошувачи, AVON ја лансира Distillery, линија на вегански и алерго-тестирани производи за нега на кожа кои се составени од концентрирани состојки и добиени преку процес на дестилација кој ја испорачува моќта на природата до максимум.

Формулирана без алкохол, мириси, вештачки бои, минерални масла, есенцијални масла или хемиски заштитни фактори, секој производ во новата префинета колекција содржи во просек околу 15 природни состојки кои се дестилирани со употреба на помалку вода, низ процес кој ја зголемува и зајакнува моќта и концентрацијата на активните состојки и пигментите во производите.

Avon

„Distillery е резултат на нашата верба во чиста и моќна убавина. Избравме чисти состојки со најголема концентрација и ги отстранивме сите филери, како што е водата, за да добиеме моќна формула,“ вели Антонио Гонзалес, Регионален директор за развој на декоративна козметика и нега на кожа во AVON.

Три производи од линијата за нега на кожа се 100% без вода. Тука се вбројуваат балсамот Clean Break со 69% масло од кајсија, детоксицирачкото масло за лице Purify - луксузно свиленикаво масло за прочистување и инстантно обновување на кожата со специјална мешавина на чисти активни состојки: масло од јојоба, фитол, витамин E и арктичка малина, како и свиленикавата пудра во прав C-Shot со чист витамин Ц која треба да се додаде во серумот или хидратантниот крем за блескав сјај на кожата.

Avon Avon Avon

„Секој ден, потрошувачите се сé позагрижени поради производите кои содржат хемиски состојки од непознато потекло кои може да имаат штетни последици и токму затоа, се одлучуваат за оние со природно и чисто потекло. Тие знаат дека секој избор кој го прават има последици и ефект врз самите нив но и врз планетата, а тука се вбројува и изборот на производи за убавина. Затоа, тие веќе не сакаат да прават компромиси во однос на сопствените вредности, очекувања и потреби,“ вели Дана Стојкова, Национален менаџер за продажба во AVON Македонија. „Distillery им ги дава на потрошувачите придобивките од супериорните перформанси и состојки од кои линијата е сочинета,“ додава таа.

Distillery исто така, на понуда има и дневен хидрантен крем со заштитен фактор 25, со 100% чист минерален филтер за да обезбеди најефикасна широкопојасна заштита, комбиниран со високо концентрирани природни навлажнувачи. Производот е одобрен и препорачан за употреба од страна на светската Фондација за борба против рак на кожа.

Тука е и ноќниот крем со 100%ен растителен глицерин и 93% чисти состојки - за инстантно блескава кожа.

Avon Avon Avon Avon

„Distillery е голем чекор за AVON и претставува резултат на повеќегодишни истражувања за да се создаде најмоќната колекција за чиста убавина на пазарот, со високи перформанси и конкурентна цена. Се надеваме дека корисниците ќе ја засакаат оваа линија, на која ние сме исклучително горди,“ завршува Стојкова.

Distillery е колекција наменета за сите возрасти и соодветна е и за чувствителна кожа.

Повеќе за производите од колекцијата Distillery:

Distillery C-Shot пудра во прав

C-Shot на Distillery е моќна доза на чист витамин Ц во форма на прав, за посветла, сјајна кожа. Бидејќи витаминот Ц се раствора во вода, формулата во прав е најчистиот, најмоќниот и најефикасниот начин за неопходниот сјај. C-Shot содржи 100% витамин Ц и витамин E. Доволни се две протресувања на шишенцето кои се додаваат во хидратантниот крем или серумот, за инстантно сјајен и здрав изглед на кожата.

Avon

Distillery Clean Break балсам за лице

Ова е револуционерен балсам кој го овозможува најмоќниот ритуал на чистење и следствено на тоа, совршено хидрирана кожа. Максимално концентрираната формула e без вода и содржи 69% масло од кајсија што овозможува богато потхранување на кожата, по што таа е мазна и хидрирана. Соодветен за сите типови кожа. Цврстиот балсам магично се топи како путер додека се масира на кожата и се трансфомира во млечно масло кое нежно и ефикасно ги ги разложува маслата и восоците што често се содржат во шминката без да ја иритира кожата ... чувството е рајско!

Avon

Distillery Purify обновувачко масло за лице

Луксузно свиленикова масло за прочистена и инстантно обновена кожа. Маслото е специјална мешавина од чисти активни состојки, како на пример 97% јојоба масло, витамин Е, и арктичка малина што ја прави формулата концентрирана и исклучително моќна. 100% формула без вода, со антиоксиданти и фитол, ја прави кожата мазна и помага во нејзината обнова. Со само 3-5 капки нанесени на чиста, сува кожа наутро и/или навечер, маслото лесно навлегува во горните слоеви на кожата и се бори против брчките, сувоста на кожата и ефектите од стареењето.

Avon

Distillery Shade the Day дневен крем за лице со ЗФ25

Ова е производ со повеќекратн дејство. 100%от спектар од минерални филтри овозможува максимална заштита од сонце, во комбинација со високо-концентрирани природни хидратори. Кремот е совршена подлога за шминкање, со матирачки ефект и безмасна формула, соодветна за сите типови кожа. При нанесување, на почетокот овој моќен хидратор остава бел филм на кожата, што значи дека тој делува врз кожата и потребно е да се масира кожата за кремот целосно да се впие. Производот е одобрен и препорачан за употреба од страна на светската Фондација за заштита од рак на кожа.

Avon

Distillery Sleep Potion ноќен крем за лице

Со ноќниот крем Sleep Potion корисникот ќе ужива во хидрирана кожа која трае до 48-часса и ќе се разбуди со освежена, блескава кожа. Потопен во 93% чисти хидратантни состојки за моќна 8-часовна хидратација, овој ноќен крем носи бран од свежа хидратација за кожата и помага во намалувањето на знаците на стареење, брчките, дисколорациите и го подобрува тенот и јасноста на кожата. Се нанесува на чиста, сува кожа секоја вечер, како последен чекор од дневниот режим за нега.

Avon

Како да ги набавите?

Веганската колекција за нега на кожа Distillery е достапна за порачување преку претставничката мрежа на AVON, а производите може може да се порачаат и онлајн. Комплетната интерактивна брошура од Кампања 15 е достапна овде.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9491 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.