Почетна » Новости » Актуелно » Чиста љубов: Малиот Никола донираше матични клетки и ѝ го спаси животот на сестричката

Чиста љубов: Малиот Никола донираше матични клетки и ѝ го спаси животот на сестричката

Ова е Никола - првиот донор на матични клетки во нашата земја. 9-годишното момче направи потег за восхит и со тоа го спаси животот на својата сестра Ана Марија.

Венко Филипче ја сподели позитивната приказна и се сретна со нивното семејство.

Венко Филипче на средба со семејството на Никола и Ана Марија

„Ана Марија и нејзиниот мал брат Никола се деца за восхит! Ова деветгодишно весело момче што сака да биде фудбалер, е првиот донор на матични клетки во нашата земја со што ја спаси својата сестра. На Ана Марија ѝ беше извршена трансплантација на коскена срцевина и таа ја победи опасната болест. Ова прекрасно семејство го запознав на Клиниката за хематологија, си заминаа од болница по долгиот третман кој го водеше стручниот лекарски тим на Клиниката. На моите колеги им честитам за уште еден успех и триумф над опасната болест. На Ана Марија и Никола им посакувам безброј среќни моменти и многу здравје“ – стои во описот на фотографиите од средбата кои ги сподели Филипче.

Венко Филипче на средба со семејството на Никола и Ана Марија Венко Филипче на средба со семејството на Никола и Ана Марија Венко Филипче на средба со семејството на Никола и Ана Марија Венко Филипче на средба со семејството на Никола и Ана Марија Венко Филипче на средба со семејството на Никола и Ана Марија Венко Филипче на средба со семејството на Никола и Ана Марија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8876 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.