Почетна » Новости » Животни стории » Невеста чекореше кон олтарот со таткото на девојката чии органи ѝ го спасија животот

Невеста чекореше кон олтарот со таткото на девојката чии органи ѝ го спасија животот

Невеста го покани таткото на покојната девојка која ѝ го спаси животот да ја испрати до олтарот на денот на свадбата.

Дијана Донарума

Животот на Дијана Донарума и на седуммина други беше спасен благодарение на хуманоста на семејството на Хедер Донели кое одлучи да ги донира нејзините органи.

За да ја покаже својата благодарност, Дијана го контактирала таткото на Хедер, сакајќи лично да му каже колку многу го цени тоа. За време на разговорот, открила дека имала многу сличности со покојната девојка од која доби нови црева. Хедер била една година постара од Дијана кога го изгубила животот во сообраќајна несреќа, била верена и наскоро требало да стапи во брак.

Кога го дознала сето тоа, Дијана длабоко се растажила што Даниел нема да има шанса да ја испрати ќерка си до олтарот. Па, му понудила да биде нејзин придружник на свадбениот ден.

„Го прашав Ден дали ќе сака да ме испрати до олтарот на мојата свадба. Тој ми одговори дека сака и дека ќе му биде чест.“

Дијана Донарума Дијана Донарума Дијана Донарума

„Пред да зачекорам кон олтарот со Ден, почувствував пеперутки во стомакот. Плачеше кога првпат ме виде во венчаница. Кога го видов, започнав и јас да плачам. Многу му недостига Хедер и се бори со болката од нејзиното отсуство. Ми рече дека ќе му биде чест да ме одведе до олтарот и дека е среќен што сега има уште една ќерка.“

„Секој ден, го живеам животот обидувајќи се да ѝ оддадам почит на оваа неверојатна личност која ми го спаси животот. Се надевам дека луѓето ја сфаќаат моќта на донирањето органи. Без одлуката на Хедер, јас немаше да бидам тука денес. Смртта е трагедија, но трансплантацјата е светлина на убавина сред таа трагедија.“

Хедер ДонелиПокојната Хедер со татко си Даниел

„Трансплантацијата ми го даде животот кој никогаш не мислев дека ќе го имам. Овие одлуки се витални. Ги замолувам луѓето сериозно да размислат за ова. Не го терајте семејството да одлучува во момент на тага“ – вели Дијана.

Дијана дури имала поставено фотографии од Хедер на главната маса на свадбата, потсетувајќи дека нејзиниот дух сè уште живее.

Дијана Донарума

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.