Почетна » Новости » Актуелно » Сонуваа за живот во Лондон, но никогаш не го дочекаа: Пар со три деца меѓу загинатите патници во авионската несреќа

Сонуваа за живот во Лондон, но никогаш не го дочекаа: Пар со три деца меѓу загинатите патници во авионската несреќа

Потресни приказни се шират на интернет по авионската несреќа во Индија во која животот го загубија 241 патник, а само еден Британец преживеа.

Брачен пар со трите деца не го дочека заедничкиот живот во Лондон за кој долго време сонуваше. Пратик Џоши, неговата сопруга Коми, 5-годишните синови близнаци и 8-годишната ќеркичка заедно загинаа вчера кога се сруши авионот на Air India. Пред летот, петчленото семејство со широка насмевка позираше за последното селфи кое го испрати кај роднините.

Пратик Џоши

Пратик шест години работел како радиолог во болница во Лондон, додека неговото семејство останало во Индија. Партнерите сонувале еден ден заедно да живеат во Англија, но за жал тоа никогаш не се случило.

Токму кога требало да се оствари нивниот сон, се случила трагедијата која им ги прекина животите.

Само два дена претходно, Коми дала отказ од работа, ги спакувала куферите со сопругот и децата, се збогувале со семејството во Индија и тргнале кон Лондон со срце полно надежи.

Пратик Џоши Пратик Џоши

За жал, ниту еден од нив не ја преживеа несреќата.

„Во еден момент, животи полни со планови, соништа и среќа згаснаа. Ова е суров, срцепарателен потсетник дека животот е страшно кревок. Сè што градите, сè што се надевате, сè што сакате, сè виси на конец. Затоа, живејте додека можете, сакајте длабоко, бидете присутни и не го чекајте совршениот момент за да започнете да живеете. Бидејќи никогаш не ви е ветено утре“ – стои во една од објавите за семејството Џоши.

Несреќата се случи вчера во Индија, а преживеа само Британецот Вишваш Кумар Рамеш.

Вишваш Кумар Рамеш Вишваш Кумар Рамеш

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26471 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.