Почетна » Новости » Актуелно » Секоја чест! Српските фудбалери ќе ја донираат наградата од 1 милион евра за лекување на болни дечиња

Секоја чест! Српските фудбалери ќе ја донираат наградата од 1 милион евра за лекување на болни дечиња

Српскиот претседател Александар Вучиќ заедно со српската влада издвоија 1 милион евра како награда за фудбалската репрезентација за директниот пласман на Светското првенство во Катар.

Хуманите спортисти заедно со селекторот Драган Стојковиќ-Пикси одлучија оваа парична награда да ја донираат за лекување на болни дечиња кои имаат потреба од помош.

Овој потег ја одушеви балканската јавност.

Српскиот фудбалски тим со резултат 2:1 ја победи Португалија и се пласира директно на Светското првенство. Пред спортистите да одлетаат за Лисабон, претседателот Вучиќ влезе во авионот за да им посака успех и да им соопшти дека доколку победат, ги очекува бонус од 1 милион евра.

Погледнете видео:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11958 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.