Почетна » Новости » Актуелно » Се воведува полициски час: Ова се сите нови забрани и ограничувања

Се воведува полициски час: Ова се сите нови забрани и ограничувања

Владата воведува поригорозни мерки за спречување на ширењето на КОВИД-19. Преку вонредно обраќање, Оливер Спасовски ја информираше јавноста дека од утре започнува полициски час.

„Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата. Повторувам дека ништо веќе не е исто. Животот радикално се промени, како кај нас, така и во целиот свет“ – рече Спасовски.

Во продолжение ги пренесуваме во целост забраните и ограничувањата кои важат од утре (22 март):

Оливер Спасовски
  1. Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 06:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест КОВИД-19 и заштита на населението.

    • Од оваа забрана се исклучуваат лица кои имаат потреба од итна медицинска помош / живото загрозувачка состојба / лица на дијализа, исклучиво во придружба на најмногу две лица.
    • Доколку поради итноста на здравствената состојба возилото биде запрено од полициска контрола, дополнително ќе се евидентира и ќе се провери оправданоста на излегувањето и превозот до здравствената институција, преку приложување на медицинската документација по завршување на медицинскиот преглед. Ова е усогласен став со Министерство за внатрешни работи и е оперативно изводливо.
    • Директорите на јавно здравствените установи ќе изготват список на вработени лица за кои се предвидува дека ќе имаат неопходна потреба за движење вон лимитираното време и ќе го дистрибуираат до Министерство за внатрешни работи или друго Министерство/Установа, со цел изготвување на специјални пропусници/легитимации, за лицата кои ќе можат да се движат вон рестриктивните часови. Со тоа Министерство за внатрешни работи да има комплетен увид за временскиот период кога овие лица ќе се движат.
    • Во контекст на постоечките рестрикции за движење не се опфатени припадниците на Министерство за внатрешни работи, Армија на Република Северна Македонија, противпожарните екипи, лицата вработени во комунална хигиена, кои се во моментот на работа во смена.
    • Да се ограничи бројот на дежурните аптеки на територијата на градовите и да се назначат од Министерството за здравство или Агенцијата за лекови-МАЛМЕД или Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, одреден број на аптеки, кои ќе дежураат во рестриктивниот период, а во исто време да бидат локациски поврзани со дежурните здравствени институции. Пристапот до дежурните аптеки ќе се ограничи само на лица кои извршиле медицински преглед во здравствена установа, а како доказ за тоа ќе приложат медицински извештај од извршен преглед.
    • Да се задолжат такси компаниите да воведат дежурства со ограничен број на возила и истите да бидат искористени исклучиво за превоз кон/од болничка установа или аптека. Таксистите задолжително да користат лична заштитна опрема во возилото (заштитна маска и ракавици).
  2. Се забранува движење на возила од јавен превоз од 21:00 до 06:00.
  3. Дежурни екипи на ЕВН, Водовод и канализација, Телекомуникации служби, топлификација смеат да се движат само по претходна најава на 192 (МВР).
  4. Да се организира меѓуградскиот и јавниот превоз со ограничување на капацитетот за превоз на патници за 50% во возилото, или со задолжително одржување на растојание од најмалку два метри меѓу патниците.
  5. Се забранува собирање на населението во групи поголеми од 5 (пет) лица во период од 06:00 - 21:00 на јавни места и површини.
  6. Директорите/управителите на погони/фабрики на сите институции се задолжуваат да го прилагодат своето работно време и производството согласно забраната за движење во предвидениот период.
  7. Во трговските објекти, аптеки и јавни установи кои даваат услуги за населението каде плаќањето и работата се одвива на каси или шалтери, да се ограничи присуството на граѓаните согласно бројот на каси односно шалтери (колку каси/шалтери толку граѓани во исто време), односно врз основа на големината на објектот. Времетраењето на задржување во овие објекти го ограничуваат и одредуваат менаџерите на објектите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.