Почетна » Новости » Актуелно » Рекордни 120 новозаразени, 16 оздравени и 2 починати од коронавирус кај нас

Рекордни 120 новозаразени, 16 оздравени и 2 починати од коронавирус кај нас

Министерството за здравство објави дека драстично се зголеми бројот на новозаразени од новиот коронавирус. Во изминатите 24 часа, се направени 953 тестирања, а регистрирани се рекордни 120 нови случаи на КОВИД-19.

Новозаболените според местото на живеење се од:

  • Скопје – 67
  • Куманово – 19
  • Штип – 16
  • Прилеп – 4
  • Тетово – 9
  • Велес – 2
  • Гостивар – 1
  • Неготино – 1
  • Струмица – 1
коронавирус

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65-годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст на 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти и тоа од Скопје (8), Штип (3), Прилеп (2), Тетово (1), Велес (1) и Битола (1). коронавирус

Досега во земјата се направени вкупно 33.114 тестирања на КОВИД-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 2 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и нема позитивен резултат.

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.611, бројката на оздравени пациенти е 1.621, на починати е 147, а во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10382 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.