Почетна » Новости » Актуелно » Нови мерки: На 1, 2 и 3 мај дозволено движење од 5 до 14 часот

Нови мерки: На 1, 2 и 3 мај дозволено движење од 5 до 14 часот

Владата донесе нова одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.

На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 5 часот наутро следниот ден.

Мерки

За лицата над 67-годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 5 до 11 часот.

Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12 до 14 часот.

Остануваат на сила сите други мерки за заштита од КОВИД-19.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.