Почетна » Новости » Актуелно » Нови високи бројки: 163 новозаразени, 230 оздравени и 8 починати од коронавирус кај нас

Нови високи бројки: 163 новозаразени, 230 оздравени и 8 починати од коронавирус кај нас

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.794 тестирања, а се потврдени 163 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје - 87
  • Куманово - 7
  • Дебар - 2
  • Штип - 10
  • Прилеп - 3
  • Тетово - 16
  • Струга - 8
  • Охрид - 1
  • Кавадарци - 1
  • Демир Хисар - 1
  • Гостивар - 8
  • Струмица - 1
  • Кратово - 1
  • Свети Николе - 9
  • Кичево - 3
  • Ресен - 5
Податоци

Институтот за јавно здравје регистрира 230 оздравени лица од: Скопје (126), Куманово (31), Штип (11), Прилеп (1), Тетово (45), Велес (7), Кавадарци (1), Гостивар (1), Кочани (1), Свети Николе (2), Ресен (2), Неготино (2).

Починати се 8 лица, шест пациенти од Скопје, еден од Дебар и еден пациент од Тетово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент на возраст од 59 години. На Клиника за токсикологија е почината пациентка на 79 години, кај која присуството на вирусот е потврдено постмортем.

Во ГОБ „8 септември“ починати се четворица пациенти на возраст 58, 61, 62 и 66 години. Во ОБ Тетово почина пациент на 53 години. Во Филип Втори (Жан Митрев) е починат пациент од Дебар на 52 години.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 57 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 1 дете позитивно и 1 суспектно на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 97 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 106 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

  • Чаир – 348
  • Аеродром – 152
  • Бутел – 155
  • Гази Баба – 194
  • Центар – 142
  • Карпош – 149
  • Сарај – 129
  • Кисела Вода – 113
  • Ѓорче Петров – 108
  • Студеничани – 107
  • Шуто Оризари – 84
  • Арачиново – 45
  • Илинден – 29
  • Петровец – 17
  • Чучер Сандево – 17
  • Сопиште – 8
  • Зелениково-9
  • Странец – 1
  • Нераспределен- 89

Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.406, бројката на оздравени пациенти е 3.554, на починати е 359, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.493.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9500 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.