Почетна » Новости » Актуелно » „Не сакав да бидам жива“: Меган Маркл за самоубиствените мисли во бременоста и за тоа како Хари ѝ го спасил животот

„Не сакав да бидам жива“: Меган Маркл за самоубиствените мисли во бременоста и за тоа како Хари ѝ го спасил животот

Меган Маркл и принцот Хари седнаа со Опра Винфри за да ја раскажат нивната страна од приказната за британското кралско семејство.

Меган Маркл и принцот Хари

Во долгоочекуваното интервју, 39-годишната војвотка од Сасекс призна дека имала самоубиствени мисли во петтиот месец од бременоста со Арчи, но дека нејзините повици за помош биле игнорирани од Бакингемската Палата.

„Ми беше срам да го кажам тоа. Ми беше срам да му го признам тоа на Хари, бидејќи знаев колкава загуба има претрпено. Но, знаев дека ако не го кажам тоа, дека ќе го направам. Едноставно не сакав повеќе да бидам жива. Тоа беше многу чиста и реална и страшна константна помисла. Се сеќавам дека тој само ме гушкаше. Му реков дека имам потреба да отидам некаде за да побарам помош. Реков дека никогаш порано не сум се чувствувала вака и дека треба да одам некаде. Ми беше речено дека не можам, дека нема да биде добро за институцијата“ – изјавила Меган.

Видеа

Откако му го доверила тоа на Хари, била принудена да оди на добротворен настан во Ројал Алберт Хол и вели дека фотографиите од таа ноќ сè уште ја прогонуваат. Меган вели дека Хари ѝ го спасил животот со тоа што се согласил да заминат во Лос Анџелес.

Меган Маркл и принцот Хари

Таа тврди дека уште пред да се роди Арчи имало разговори за тоа каква ќе биде бојата на неговата кожа, а некои припадници на кралското семејство биле загрижени што тој е од мешани раси. Ѝ било кажано дека тој нема да ја носи титулата „принц“ и дека нема да добие обезбедување.

„Разговорот беше дека нема да му биде дадено обезбедување, дека нема да му биде дадена титула, а исто така имаше разговори и загриженост колку темна може да биде неговата кожа“ – рекла Меган.

Видео

Откако станала дел од кралското семејство, животот на Меган комплетно се променил. „Кога му се придружив на тоа семејство, беше последен пат кога ги видов мојот пасош, мојата возачка дозвола, моите клучеви...“ – рекла таа и додала дека ѝ било забрането да оди на ручек со пријатели.

Таа влегла во кралското семејство сосема наивно и не знаела што треба да очекува од нејзината улога во него или какви ќе бидат нејзините обврски.

„Не разбирав потполно каква е работата, што значи да се биде претставник на кралското семејство, што треба да правиш? Не романтизирав ниту еден елемент од тоа, но мислам дека Американците за кралските семејства го знааат само она што го читаат во приказните. Лесно е да имаш слика која е далеку од реалноста“ – рекла Меган.

Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари

Во врска со шпекулациите дека ја расплакала војвотката Кетрин пред свадбата во 2018 година, Меган рекла: „Не, не. Се случи обратното... Неделата пред свадбата беше тешка и таа беше вознемирена за нешто, но потоа се извини за тоа. Ми донесе цвеќе и порака во која се извини. Го направи она што би го направила и јас кога би повредила некого“.

За Меган било шокантно што во јавноста се појавила тотално обратна верзија на она што се случило. „Точно е дека имаше проблем за фустаните на девојчињата кои фрлаа латици и тоа ме расплака, бидејќи ми ги повреди чувствата. Мислам дека не е фер за неа да навлегувам во детали, бидејќи се извини“ – додала таа.

Подоцна во интервјуто се придружил и Хари, кој рекол дека татко му престанал да му зборува и дека му била прекината финансиската поддршка откако се преселил во САД. Тој морал да најде начин да заработува затоа што го трошел наследството од мајка му Дијана.

„Татко ми и брат ми... Двајцата се заробени“ – рече тој, додавајќи дека Дијана би била „тажна и лута“ што тој морал да го напушти кралското семејство.

„Сè што таа сакаше за нас е да бидеме среќни“ – изјавил во интервјуто Хари и додал дека Меган го спасила, бидејќи претходно и тој бил заробен, но не гледал излез.

За врската со принцот Вилијам , Хари рекол: „Премногу го сакам Вилијам. Тој ми е брат. Заедно поминавме низ пеколот. Ги споделувавме искуствата, но сега сме на различни патишта.“

„Моето семејство буквално ме отсече финансиски. Членови од моето семејство предложија Меган да продолжи со актерството, бидејќи немаат пари за да ѝ платат. Уште пред да стапиме во брак имаше очевидни знаци дека ова ќе биде тешко“ – рекол тој.

Хари и Меган во моментов живеат во Калифорнија со едногодишниот син Арчи и се подготвуваат за пристигнувањето на нивната ќеркичка на овој свет. Ако девојчето се роди во САД, тоа автоматски ќе добие американско државјанство.

Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари Меган Маркл и принцот Хари

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.