Почетна » Новости » Актуелно » Најнови податоци: Рекордни 126 оздравени, 19 новозаболени и 2 смртни случаи од коронавирус кај нас

Најнови податоци: Рекордни 126 оздравени, 19 новозаболени и 2 смртни случаи од коронавирус кај нас

Министерството за здравство информираше дека во изминатите 24 часа регистирани се 19 нови случаи на коронавирус во земјата.

По градови, новозаболените се од Скопје (3), Куманово (8), Прилеп (2), Струга (2), Велес (2), Гостивар (1) и Виница (1).

Со тоа, вкупниот број на заболени од КОВИД-19 се искачи на 1.386.

Кај нас има нови рекордни 126 оздравени пациенти. Досега излекувани се вкупно 500 лица.

коронавирус

Во ГОБ „8 септември“ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 3 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73-годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба.

Направените 335 теста во изминатото деноноќие.

На инфективната клиника во Скопје примени се 3 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив, 5 се на механичка вентилација и 25 со потешка слика и кисородно зависни. Останатите пациенти се стабилни.
Во ГОБ „8 септември“, примени се 6 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 29. Со потешка клиничка слика се 5 пациенти, а вкупно на респираторна машина се 7.

Во Болницата во Битола се лекуваат 7 пациенти од кои 1 пациент е во тешка општа состојба и на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат 12 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат 9 пациенти и нивната состојба е стабилна.

коронавирус

Според местото на живеење, досега се регистирани случаи на КОВИД-19 во:

  • Скопје – 471
  • Куманово – 371
  • Дебар – 51
  • Штип – 34
  • Прилеп – 141
  • Тетово – 73
  • Струга – 64
  • Велес – 66
  • Битола – 19
  • Охрид – 15
  • Кавадарци – 5
  • Гостивар – 15
  • Гевгелија – 4
  • Струмица – 2
  • Крива Паланка – 5
  • Радовиш – 4
  • Крушево – 3
  • Кочани – 28
  • Пробиштип – 2
  • Кичево – 2
  • Неготино – 4
  • Демир Хисар – 1
  • Македонски Брод – 2
  • Пехчево – 1
  • Валандово – 1
  • Виница – 2

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10613 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.