Почетна » Новости » Актуелно » Најнови податоци: 180 новозаразени и 206 оздравени од коронавирус

Најнови податоци: 180 новозаразени и 206 оздравени од коронавирус

Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 1.814 тестирања, а има 180 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.

Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:

  • Скопје 78
  • Прилеп 18
  • Кавадарци 15
  • Тетово 12
  • Охрид 10
  • Струмица 10
  • Куманово 6
  • Велес 6
  • Струга 6
  • Дојран 3
  • Гостивар 2
  • Гевгелија 2
  • Неготино 2
  • Штип 1
  • Битола 1
  • Кичево 1
  • Свети Николе 1
  • Ресен 1
  • Крива Паланка 1
  • Берово 1
  • Виница 1
  • Валандово 1
  • Крушево 1
корона

Пријавени се вкупно 13 починати лица. Шест пријавени смртни случаи се починати во тек на месец декември. Починати се 6 пациенти од Скопје (89г, 87г, 79г, 69г, 61г и 60г), три од Гостивар (81г, 63г и 59г), два од Куманово (71г и 62г) и по еден смртен случај е пријавен од Битола (70г) и Струга (78г). Дванаесет пациенти се починати во болнички услови и еден е починат во Дом за стари лица.

Регистрирани се 206 оздравени пациенти од:

  • Скопје 146
  • Куманово 14
  • Тетово 8
  • Велес 7
  • Гостивар 5
  • Кичево 4
  • Струмица 3
  • Штип 3
  • Битола 3
  • Виница 2
  • Кочани 2
  • Кратово 2
  • Демир Капија 2
  • Прилеп 1
  • Кавадарци 1
  • Крива Паланка 1
  • Валандово 1
  • Радовиш 1

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 97.052, бројката на оздравени пациенти е 87.652, на починати е 2.989, а бројот на активни случаи изнесува 6.411.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12081 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.