Наум Петрески собра сила да зборува за својот сакан пријател Андреј од ДНК, кој го изгуби животот спасувајќи луѓе во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
58-годишниот пејач се расплака пред камерата на „Backstage“ споделувајќи информации за нивните блиски односи и заедничкиот живот. Наум, кој во мај минатата година ја сними заедничката песна со ДНК насловена „Животе брате“, низ солзи рече:
„Андрејчо беше најхрабрата личност што ја познавав. Не беше корпулентен, висок, меѓутоа имаше лавовско срце и не се повлекуваше пред никого и немаше страв од никого.“
„Толку бевме блиски што ме викаше тате. Како син си го сакав. Какви планови имавме, многу работи да правиме заедно.“
По смртта на Андреј, Наум постојано објавуваше фотографии на социјалните мрежи, не можејќи да го преболи она што се случи.
„Непребол“, „Поцрно не сум се чувствувал никогаш“, „И пак така. Црнилиште. И Господ не е со нас“ и „Ние сме само миг или дел од секунда“ – стои во пораките на Петрески напишани по кобниот 16 март.