Почетна » Новости » Актуелно » Македонка со хуман гест: Наместо подарок за роденден, гостите носеле храна за уличните животни

Македонка со хуман гест: Наместо подарок за роденден, гостите носеле храна за уличните животни

Данче Азманова Мирчевска, во јавноста позната како Дани од платформата Working Mom, реши годинава да го прослави својот 33-ти роденден на малку поинаков начин.

Гостите што биле поканети на роденденот, наместо подарок за славеничката, требало да донесат храна за улични кучиња и мачиња. Целта била да се соберат 33 килограми храна, симболично затоа што таа полнела 33 години.

Целта била надмината, собирајќи 33.375 грама течна и сува храна.

Данче Азманова Мирчевска - роденден

Деновите по роденденот, Данче со тимот лично нахраниле 132 улични кучиња и мачиња на територијата на Скопје и Струмица, разубавувајќи им го денот и помагајќи им да почувствуваат барем трошка љубов.

Погледнете го видеото од прославата и како храната стигнува до животните на кои им е потребна:

Одлична инспирација и охрабрување за сите оние кои сакаат да направат нешто добро во општеството!

Куче

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26349 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.