Почетна » Новости » Актуелно » „Крај на насилството сега“: Денес е Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените

„Крај на насилството сега“: Денес е Меѓународниот ден за елиминирање на насилството врз жените

„Обој го светот во портокалово: Крај на насилството врз жените сега!“ е глобалната тема со која денес, на Меѓународниот ден против насилството врз жените, започнува кампањата „16 дена активизам против родово базираното насилство“, која ќе трае до 10 декември - Денот на човековите права.

Крај на насилството врз жените

Целта е превенирање и елиминирање на насилството врз жените и девојчињата низ целиот свет, како и ставање акцент на неопходните дејствија за подигнување на свеста за овој глобален проблем и креирање на можности за дискутирање на предизвиците и решенијата.

Запрепастувачки е фактот што речиси една од секои три жени била жртва на насилство во одреден момент во животот. А во кризни периоди, бројот расте, како што е воочливо за време на пандемијата со КОВИД-19 и во областите зафатени од хуманитарни кризи, конфликти и климатски непогоди.

Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите Нации, во своето обраќање, соопшти:

Најновите податоци од UN Women потврдуваат дека за време на пандемијата со КОВИД-19, се зголемија нивоата на насилство врз жените и девојчињата.

Низ 13 земји, речиси половина од сите жени пријавија дека самите тие или жена која ја познаваат започнала да станува жртва на родово базирано насилство за време на пандемијата. Речиси четвртина од жените пријавија дека се зачестиле семејните конфликти. Сличен дел од жените рекоа дека се чувствуваат помалку безбедни дома отколку претходно.

Крај на насилството врз жените

Обединетите Нации го прогласија 25 ноември за Меѓународен ден за борба против насилство врз жените, инспирирани од бруталното убиство на сестрите Мирабал, политички активистки во Доминиканската Република во 1960 година.

Не постои земја во светот која не е засегната од овој глобален проблем. СЗО истакнува дека насилството има долгорочни последици врз психичкото и физичкото здравје на жените. Жените со насилен партнер почесто страдаат од депресија и проблеми со прекумерно консумирање алкохол и почесто се соочуваат со несакана бременост и абортус, како и сексуално преносливи инфекции, меѓу кои и ХИВ.

Крај на насилството врз жените

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10382 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.