Почетна » Новости » Актуелно » Колку е важна физичката активност за женското здравје?

Колку е важна физичката активност за женското здравје?

Во светот на современите предизвици, жените често се соочуваат со многу стрес и напнатост, особено пред менструалниот циклус. Овие денови можат да бидат исполнети со физички и емоционални предизвици, кои понекогаш се чини дека ги надминуваат нашите способности. Болките, промените во расположението и општата нерасположеност можат да создадат чувство на беспомошност. Но, во овие моменти на непредвидливост, постои една практика која може да донесе мир и утеха – јога.

Ивана Стаменковска

Пред менструалниот циклус, кога нашето тело поминува низ многу промени, јогата нуди алатки за справување со нив, помагајќи ни да се поврземе со нашето тело на длабок и значаен начин.

Токму затоа, dm и јога инструкторката Ивана Стаменковска споделуваат со нас неколку јога вежби кои може да ни бидат корисни оние денови во месецот.

Секој потег, секое дишење, секоја позиција е чекор кон подобро здравје и благосостојба. Затоа, одвојте време за себе, практикувајте физичка активности и дозволете си да се чувствувате целосно и слободно. Не е секој ден лесен, но можете да го направите полесен!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26877 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.