Почетна » Новости » Актуелно » Клиника Жан Митрев со свои претставници на четвртиот Интернационален студентски конгрес на УГД

Клиника Жан Митрев со свои претставници на четвртиот Интернационален студентски конгрес на УГД

На годинешниот конгрес во организација на студентите на факултетот за медицински науки при УГД кој се одржа во Штип од 15 до 17 мај, нашите доктори реализираа свои стручни презентации пред многубројните студенти. На заедничката тема Ургентни состојби во медицината секој од лекарите се осврна на својата област. д-р Александар Милосављевиќ предаваше за ургентните состојби во кардиологија, додека д-р Симона Деспотовска презентираше за ургентните состојби во анестезијата и интензивното лекување.

Ургентните состојби во васкуларна хирургија беше темата на која зборуваше д-р Ристе Зимоски, додека д-р Симона Грујевска се задржа на проблематиката – Ургентни состојби во кардиохирургија.

На „машките теми“ вниманието го привлече д-р Виктор Грујевски кој говореше за ургентните состојби во урологијата.

Д-р Елеонора Лазарова имаше свое излагање за ургентните состојби во неврологијата, додека д-р Михаил Таушанов се осврна на ургентните состојби во неврохирургијата. За ургентните состојби во гинекологијата и акушерството зборуваше д-р Јелена Голубиќ.

Исто така свои презентации имаа и проф. д-р Милка Клинчева и доц. д-р Оливер Бушлетиќ кои пред студентите ги доближија темите посветени на долгогодишната успешна соработката меѓу нашата клиника и универзитетот, како и за најновите начини на примена на транскатетер аортната валвуларна имплантација.

Интернационален студентски конгрес на УГД Интернационален студентски конгрес на УГД

На овој меѓународен конгрес присуствуваа студенти, млади лекари, истражувачи и експерти од различни земји, кои разменија искуства и знаења од областа на медицината. Исто така овој настан беше одлична можност студентите да учествуваат во бројни работилници и да се поврзат со медицински професионалци од регионот и пошироко. На сите учесници и посетители на овој конгрес, студенти и лекари, им беа одблизу претставени капацитетите и услугите на клиниката и на регионалниот дијагностички центар Жан Митрев Дијагностик во Струмица и како можни опции за нивно вработување и професионален развој.

Нашата клиника традиционално го поддржува овој конгрес како дел од стратегијата за споделување знаење, искуства и унапредување на медицинската наука и меѓународната соработка.

Освен клиниката Жан Митрев, со свој штанд се претстави и сестринската фирма Фила Фарм која донираше на присутните витамински дози од светски познатиот ортомолекуларен бренд Ортомол.

Интернационален студентски конгрес на УГД Интернационален студентски конгрес на УГД Интернационален студентски конгрес на УГД Интернационален студентски конгрес на УГД Интернационален студентски конгрес на УГД Интернационален студентски конгрес на УГД Интернационален студентски конгрес на УГД Интернационален студентски конгрес на УГД Интернационален студентски конгрес на УГД Интернационален студентски конгрес на УГД

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26256 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.