Летото е на прагот и пролетното чистење на ентериерот е веројатно зад вас. Времето е совршено за финални подготовки на градината во која, сигурно, планирате да поминувате прекрасни вечерни моменти и да уживате во текот на викендот.
Сосема нормално, дворот е најубавиот дел од нашиот дом. Без разлика дали имате прекрасен тревник, бетонски плочник или камена патека опкружена со цвеќе и растенија, сигурно тоа е местото каде што поминувате прекрасни мигови во разговор со семејството, соседите или пријателите.
Но, пред да почнат летните горештини, треба да го подготвиме просторот за новата сезона. Ако немате идеја што да направите и како да го разубавите просторот, ние сме тука да ви помогнеме.
Јуни е идеално време за вакво нешто бидејќи тоа е месецот во кој Ananas – најголемиот шопинг мол, а на нет го прославува својот втор роденден и нуди голем број производи со попуст и до 60 %, па прославете го нивниот роденден така што ќе ја разубавите сопствената градина.

Обезбедете нов мебел за градина
Мебелот во градината, од каков материјал и да е направен, брзо се троши поради различните временски услови што влијаат во текот на една година. Пластиката ја менува бојата, а железото кородира, особено ако не се целосно заштитени.
Токму затоа, одлична идеја е да набавите нов градинарски мебел и со тоа да дадете нота на живост во градината. Нов мебел целосно ќе го смени амбиентот и ќе направи да се чувствувате удобно и расположено.
Поставете чадор за сонце, кој ќе прави сенка
Во истата категорија, доколку немате, не заборавајте да побарате и да нарачате нов чадор за сонце, кој целосно ќе го покрие просторот и ќе направи убава сенка.
Новите и модерни чадори за сонце се направени така што ќе можете во секој момент да имате сенка, без разлика на кој дел од небото се наоѓа сонцето во моментот.
Наполнете го базенот до врв
Какво е тоа жешко лето во градината без базен што ќе го наполните со свежа студена вода до врвот? Доколку сè уште немате обезбедено, измерете ги димензиите каде што планирате да го поставите и нарачајте базен што ќе одговара на просторот.
Колку што е поголем базенот, толку ќе биде поголема вашата радост. Сепак, имајте ги на ум сите сигурносни протоколи и доколку планирате во нив да се капат деца, бидете сигурни дека длабочината не претставува опасност за нив.

Поставете скара и фрижидер на соодветно место
Дали има нешто поубаво од забава по работа во вашето дворче со омилените пријатели? Нагостете ги сите со кои сакате да се дружите и дозволете си секој ден да биде идеално време за забава.
Поставете скара и фрижидер на соодветно место и обезбедете ги сите потребни намирници и студени пијалаци за дружба, која ќе ви стане навика. Летото е создадено за тоа, па бидете вие таа личност што ги прави најдобрите забави во друштвото.
Уживајте во вашата градина од соништата
Последниот чекор што треба да го направите е да погледнете од страна каква совршена градина сте направиле и да почнете со уживање. Направете вкусно кафе, пуштете звучник со музика, викнете ги соседите на муабет или што и да е тоа што ве прави среќни.
Искористете ги неверојатните попусти на Ananasи овој јуни направете градина од соништата. Така воедно ќе го прославите роденденот на вашата омилена онлајн шопинг дестинација, а и сами ќе обезбедите прекрасен простор во кој ќе поминете голем дел од летото.
Комерцијален текст