Почетна » Новости » Актуелно » Започна вакцинацијата против КОВИД-19: Првата вакцина ја прими докторка од Инфективната клиника

Започна вакцинацијата против КОВИД-19: Првата вакцина ја прими докторка од Инфективната клиника

И во нашата земја започна процесот на вакцинација против КОВИД-19, кој има за цел да стави крај на пандемијата.

Првата вакцина ја прими примариус д-р Добринка Наунова Јовановска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а веднаш по неа беше вакцинирана и главната сестра Габриела Темелковска. И двете ја примија првата доза од вакцината на компанијата „Фајзер“.

Имунизација Имунизација Имунизација

Д-р Добринка Наунова Јовановска и главната сестра Габриела Темелковска од Инфективната клиника први ја примија вакцината...

Posted by Венко Филипче on Wednesday, February 17, 2021

Видео

„Ве поздравувам сите. Само можам да ви кажам дека е безболно, се чувствувам одлично и тоа е она што би го препорачала на секој, затоа што ова е единствен начин да се заштитиме од инфекцијата којашто е актуелна цела една година наназад“ – изјави д-р Наунова Јовановска на пресот одржан непосредно по примањето на вакцината.

Видео

Вакцините кои ќе ги прими медицинскиот персонал се донација од Република Србија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11982 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.