Почетна » Новости » Актуелно » Елегантна меѓу светските лидери: Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова гостинка на Емануел Макрон во Ница

Елегантна меѓу светските лидери: Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова гостинка на Емануел Макрон во Ница

Гордана Сиљановска-Давкова моментално престојува во Франција.

За време на работната посета на Ница, македонската претседателка учествуваше на третата Конференција на Обединетите Нации за океаните (UNOC3).

Сиљановска-Давкова беше и гостинка на настан организиран од францускиот претседател Емануел Макрон. За оваа пригода, 72-годишната Претседателка носеше кафеав фустан надополнет со бисери.

Гордана Сиљановска-Давкова

„Чест ми е што сум меѓу гостите на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон кој е домаќин на глобален настан којшто треба да создаде основа за превенирање на далекусежни последици по иднината на светот.“

„Заедно со голем број светски лидери, меѓу кои и претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен и претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта, разговаравме за потребата од склучување мир со природата, како еден од главните предуслови за благосостојба на човештвото.“

„Му благодарам на претседателот Макрон за одличниот прием по повод третата конференција на Обединетите Нации за океанот“ – стои во објавата на Гордана.

Гордана Сиљановска-Давкова Гордана Сиљановска-Давкова Гордана Сиљановска-Давкова Гордана Сиљановска-Давкова Гордана Сиљановска-Давкова

„Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат глечерите и сите површини каде водата е во тврда состојба, како и да присуствувам на презентацијата на препораките од специјалните настани на третата Конференција на ОН за океанот.“

„Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка, како и да се поттикнат напорите за одржлив развој како одговор на алармантното влијание на климатските промени врз глечерите, ледените плочи и вечниот мраз, односно негативните ефекти кои со тоа се предизвикуваат.“

„Драго ми е што можев кратко да поразговарам со претседателот Макрон, кој е домаќин на конференцијата“ - напиша македонската претседателка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26324 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.