Почетна » Новости » Актуелно » Време е да се чуе гласот на жените жртви на семејно насилство

Време е да се чуе гласот на жените жртви на семејно насилство

Жените жртви на семејно насилство не се само бројка, затоа сите заедно, треба да делуваме и да ги поддржиме да се чуе нивниот глас, нивните потреби, нивните приказни.

„Секоја година 1.500 македонки се ново-евидентирани жртви на семејно насилство. Време е гласно и свесно да говориме за македонските жени жртви да не трпат насилство. Како женски бренд ја поддржуваме Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, и ги покануваме останатите компании да се вклучат и со тоа да покажеме единство за тоа колку е важно да се елиминира насилството врз жените“ - велат од македонскиот бренд Ла Дама.

Тие порачуваат дека Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, 25 ноември е само еден, а сите ние треба 365 дена јавно да зборуваме и да дадеме поддршка на сите жени кои се соочиле со било какво насилство, да не трпат, туку да побараат помош.

Жена жртва на семејно насилство

„Северна Македонија во 2017 година ја ратификуваше Истанбулската конвенција и со тоа се задолжи да ги заштити жените од родово базирано насилство и семејно насилство, да им обезбеди услуги за помош и поддршка, и целосно да го унапреди системот на заштита преку нови и унапредени законски решенија, како и активности за превенција и подигнување на јавната свест против насилството. Благодариме на Ла Дама која со донација ја поддржува нашата борба против насилството и треба да е пример за другите компании да се вклучат“ - потсетуваат од Националната мрежа.

Тие посочуваат дека на почетокот на оваа година се усвои и нов Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, која ја дава законската основа за сеопфатна заштита, помош и поддршка на жените кои се справуваат со насилство.

Со цел обезбедување специјализирана помош и поддршка за жени и деца жртви на насилство, Националната мрежа отвора 2 советувалишта, од кои едно во Скопје и едно во Тетово, каде ќе се обезбедуваат услуги од социјален работник, психолог/психотерапевт, правна советничка и кариерна советничка.

„Услугите се бесплатни и доверливи, советувалиштата се пристапни за жени и деца со физичка попреченост, а во Тетово тимот обезбедува услуги на македонски и албански јазик“ - истакнуваат од Националната мрежа.

Жените кои имаат потреба од ваква помош може да се јават секој работен ден од 08.00- 16.00 на следниве броеви: Скопје: 075/255-154 (Психосоцијално советување) и 075/304-802 (Правна помош); Тетово: 075/344 770 (Психосоцијално советување) и 075/344 760 (Правна помош и поддршка).

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11095 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.