Почетна » Новости » Актуелно » Витаминот Д го намалува ризикот од заразување со коронавирусот и компликации од инфекцијата

Витаминот Д го намалува ризикот од заразување со коронавирусот и компликации од инфекцијата

Сè повеќе истражувања ја анализираат поврзаноста помеѓу витаминот Д и коронавирусот и потврдуваат дека „сончевиот витамин“ е силен сојузник во борбата со SARS-CoV-2.

Витамин Д

„Витаминот Д е важен за функционирањето на имуниот систем и се има покажано дека суплементите со Витамин Д го намалуваат ризикот од вирусни инфекции на респираторниот систем“ – д-р вели Дејвид Мелцер од University of Chicago Medicine.

Во неговото истражување биле вклучени пациенти кај кои било измерено нивото на витамин Д во периодот од една година пред да бидат тестирани за коронавирусот. Д-р Мелцер заклучил дека веројатноста за позитивен тест била речиси двапати поголема кај пациентите кај кои бил детектиран дефицит на витамин Д во споредба со оние лица кои имале доволно витамин Д.

Доктор Антони Фаучи, водечкиот специјалист за инфективни заболувања во САД, неодамна изјави дека и самиот зема суплементи со витамин Д и го препорачува тоа како ефективна мерка во услови на пандемија. „Ако имате недостиг на витамин Д, тоа има влијание на вашата склоност кон инфекција“ – тврди тој.

Истражувачи од Boston University School of Medicine и Tehran University of Medical Studies ја анализирале крвта на 235 пациенти заразени со коронавирус во Иран. Освен што го следеле нивото на витамин Д, тие ги зеле предвид и маркерите за воспаление и лимфоцитите.

Тие откриле дека кај пациентите со доволно витамин Д е помала веројатноста од сериозни инфекции и потешкотии во дишењето. Исто така, кај тие пациенти бил помал ризикот од појава на „цитокинска бура“, агресивна имунолошка реакција која може да биде смртоносна.

Во кратки црти, веројатноста да преживеат била поголема кај пациентите со доволно витамин Д, а тоа особено важело за пациентите над 40 години.

Д-р Мајкл Фолик, ко-автор на истражувањето и професор по медицина на Boston University School of Medicine советува: „Бидејќи недостигот на витамин Д е мошне чест кај децата и возрасните во САД и во светот, особено во зимските месеци, важно е сите да земаат суплементи со витамин Д за да го намалат ризикот од инфицирање и од компликации од КОВИД-19.“

Суплементите со витамин Д се лесно достапни, а најчесто на етикетата е наведен Д3, витаминот кој го создава нашата кожа.

Витамин Д

JAMIESON

МЕГА КАЛ™ КАЛЦИУМ+Д3

Калциумот е потребен за одржување на здрави коски и заби. Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција / употреба на калциум и фосфор, за нормално ниво на калциум во крвта, за зачувување на здрави коски и заби, за функционирање на мускулите и функционирање на имунолошкиот систем. Производот содржи комбинација од природни извори на калциум (Mega Cal ™) и Quali-D витамин Д3. Мега Кал е високо абсорбентен калциумски комплекс на карбонати, цитрати, малати, фумарати и сукцинати. Quali-D е природен био-витамин Д3 изолиран од најдобрите извори на ланолин во светот.

Состав:

1 таблета содржи:

Елементарен калциум 650 mg

(карбонат, цитрат, фумарат, малат, сукцинат)

Витамин Д3 (холекалциферол) 10 mcg/ 400 IU

Начин на употреба – возрасни:
Земете 1-2 мини-таб™ обложени таблети дневно.

Пакување:
Пакување со 120 мини-таб™ обложени таблети.

Витамин Д

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.